27.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаСветРусин чува цела глутница волци како миленици

Русин чува цела глутница волци како миленици

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Руски вљубеник во животните чува глутница волци на својот имот како домашни миленици, но тие за него не се само забава бидејќи се надева дека ќе формира центар за рехабилитација на диви животни, пренесува РТ.

<

Волците веќе три години живеат со бизнисменот Кирил Потапов од уралскиот град Екатеринбург. Неколку од нив, сивата волчица Алфа и црниот волк Уголек, Потапов го посвоил додека биле волчиња.

Волците навидум се многу кротки, а „Инстаграмот“ на Потапов е полн со видеа на кои играат заедно, грицкаат моркови и ги ловат патиките на својот сопственик. Потапов тврди дека волците не се негови миленичиња, туку негова глутница – дека тие се сосем поинакви од кучињата и човекот треба да се дружи со нив наместо да се обидува да доминира.

Потапов исто така вели дека наводната агресивност на волците кон луѓето е мит и дека, напротив, животните многу се плашат од луѓето како резултат на вековниот лов на волци. Тој никогаш не го крева гласот кон нив и не покажува агресија за да не ја уништи кревката врска.

Два други волка во глутницата – Акела и Ракша – потекнуваат од локалните зоолошки градини. Бидејќи биле посвоени на постара возраст, тие не се толку пријателски расположени како неговиот омилен пар, но сепак му покажуваат наклонетост. Оваа пролет Алфа и Уголек имале младенчиња, но, за жал, само едно преживеало.

Бидејќи закрепнувањето на Алфа било доста тешко, Потапов морал самиот да го храни и да го одгледува младенчето, црна волчица наречена Вита.

Покрај волците, Потапов поседува и други домашни и диви животни, вклучително и разни кучиња, гавран, па дури и рис. Тој учествувал во неколку програми за заштита на животинскиот свет, а сега планира да основа свој центар за рехабилитација на сирачиња и повредени диви и домашни животни, како и за жртви на злоупотреба во зоолошките градини и циркуси.

Иницијативата е поддржана од надлежните во регионот Свердловск и од една локална земјоделска фирма, кои му донирале парцела од 100 хектари на Потапов. Центарот се очекува да биде отворен кон крајот на оваа година.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Март Кос: Идентитетот ви се манастирите, погачата, тавче-гравче, пинџурот или полнетите пиперки!

Еврокомесарката за проширување Март Кос вели дека идентитетот не може да биде предмет на политичко одлучување, бидејќи идентитетот е нешто што си го носиме...

Охриѓанец во ноќен клуб си ја истепал сопругата.

На 01.07.2025 година во 09.15 часот, лишен од слобода е С.Г.(35) од Охрид кој на 30.06.2025 година во 22.10 часот, во ноќен клуб во...

Тошковски: Апсењето во Струмица беше филмско, планирале дрогата да ја изнесат надвор од Македонија

Три лица уапсени, автомобилот бил полн со дрога, постоел план за нејзино изнесување од Македонија. Ова се клучните детали од вчерашната акција во Струмица,...

Битолчанец во казино претепал доктор, па потоа ја нападнал и полицијата !!!

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека...