14.1 C
Ohrid
среда, јули 9, 2025
ПочетнаМакедонијаМицкоски: На Македонија и треба нов 8-ми септември!

Мицкоски: На Македонија и треба нов 8-ми септември!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На овој ден народот во огромно мнозинство одлучи дека сака да живее во своја независна, слободна и суверена држава. Пред 31 година народот имаше ентузијазам, енергија и надеж. После 31 година и поминати голем број на премрежја, предизвици, падови одново се наоѓаме пред крстопат и нови предизвици, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во честитка по повод 8-ми Септември – Денот на независноста.

<

Овој пат, како што посочува, со многу помала надеж и ентузијазам поради лошото искуство низ годините. Имаме земја заглавена во исполнување на стратешките цели, децениско чекање за промени, отсуство на реформи, лош стандард, висок степен на корупција и уште поголема сиромаштија. Граѓаните ги делат истите страдања, истите маки.

Македонецот знае да ја препознае тежината на времињата и да го избере патот кој е правичен, сигурен и носи просперитет и иднина. Сега повеќе од било кога се потенцирани предизвиците во форма на негација на македонскиот народ, идентитет, јазик, историја и култура. На Македонија и треба нов 8-ми Септември, нова надеж, национално и сеопштествено обединување околу заложбата за подобра иднина и зачуван идентитет. Како што на 8-ми Септември победи мислата за независна, суверена и самостојна Македонија, така и на претстојниот референдум ќе победи Македонија, вели Мицкоски.

Овој референдум, како што истакнува Мицкоски, ќе ја зацврсти Македонија и сите ние заедно ќе докажеме дека сме достојни на нашите предци и способни да им ја оставите државата просперитетна на нашите деца.

Затоа е многу важно сите без разлика на националност, религија и политичка партија да се обединиме и исто како на 8-ми Септември 1991 година. Јас сум цврсто уверен дека македонскиот народ, заедно со Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците и сите останати има и сила и мудрост да го помине и ова премрежје пред кое се наоѓаме, напиша претседател на ВМРО-ДПМНЕ во честитката.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Чудо спречи трагедија: Цистерна за малку ќе завршеше во Брегалница кај градинката Астибо во Штип!

Чудо спречи трагедија: Цистерна за малку ќе завршеше во Брегалница кај градинката Астибо во Штип! Тешко возило – цистерна полна со гориво - за малку...

Тешка сообраќајна несреќа кај селото Оровник– едно лице загинато !!!

Ужасна сообраќајна несреќа се случи вечерва на влезот во Охрид, близу Аеродромот односно селото Оровник. Според првичните неофицијални информации, има едно загинато лице. Интервенираше противпожарна...

ХЕРОЈ! Скопски пожарникар 48 часа без прекин се бори со огнот!

Скопскит епожарникари со денови постојано вложуваат максимални напори за справување со пожарите на неколку локации во периферијата на градот. Според последното соопштение на ЦУК на...

Вознемерувачко: Детенце од Македонија врзано со јаже на рацете и вратот бидеќи украло пари од продавница !!!!

Сцена што не смее да се повтори – бурни реакции по видео со вербално и психичко малтретирање врз дете На социјалните мрежи кружи вознемирувачко видео...