15.1 C
Ohrid
вторник, септември 17, 2024
ПочетнаМакедонијаПендаровски прв пристигна во Охрид да се слика со маратонците- Градоначалникот Пецаков...

Пендаровски прв пристигна во Охрид да се слика со маратонците- Градоначалникот Пецаков го означи 35-тиот Охридски пливачки маратон

Осуммина пливачи, седум во машка конкуренција и една девојка ја започнаа трката на овогодинешниот 35-ти Охридски пливачки маратон.

Стартот го означи градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков од Св. Наум во точно 10 часот. Маратонците пливаат на патеката „Климе Савин“ до Охридското пристаниште во должина од 25 километри.

Во категоријата мажи се натпреваруваат домаќините Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев, Арне Фурлан Штулар од Словенија, Франческо Гетини од Италија, Матијас Дијас Хернандес од Аргентина и Сидрит Деску и Арион Будима од Косово. Единтвената девојка на годинашното маратонско издание е аргентинката Рита Ванеса Гарсија.

И годинава за безбедноста на пливачите во вода, но и на копно се грижи ОО Црвен крст Охрид. Утрово пред почетокот на трката претседателот на организацијата, Сашо Точков истакна дека како и секоја година се преземааат мерки за безбедност согласно стандардите на ФИНА.

Секој пливач треба да се чувствува безбедно, обезбедена е придружба од чамец за секој пливач, резервни чамци, но секако направен е и посебен план за евакуација во случај на некое непредвидливо време, посебно денес кога се најавува и посилен ветер после 12 часот. Сите мерки се преземени, на самата стаза ќе има четири медицински екипи, една медицинска екипа со амбуланстко возило ќе биде постојано по патот, од Св. Наум до Охрид ќе ја следи трката и на целта имаме две медицински екипи со амбулантско возило кои што ќе ги пречекуваат пливачите и доколку има потреба да се пружи некоја помош. Години наназад сме имале доста интервенции и имаме доста искуство и се надевам дека се ќе биде во ред. Во однос на временските услови имаме детални информации и истите уште вчера им беа соопштени на пливачите на техничкиот состанок, дека ќе имаме променливо облачно време, нема да има дожд, но ќе има посилен ветер од југозападен правец чиј интензитет ќе се зголеми после 12 часот. Токму затоа и правецот на патеката е така наместен да не се оди спротвно на брановите на запад, но одиме кон север од јужната страна, за да им биде побезбедно на самите пливачи. Температурата на водата по целата патека е од 22 до 24 степени, а на воздухот од 27-28 степени, така што очекуваме, покрај ветарот, дека се ќе помине во најдобар ред, рече Точков.

И покрај што државата беше глува за овогодинешниот Охридски Марататон претседателот Пендаровски прв пристигна да се фотографира со маратонците…

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тројца полицајци ослободиле осуденик зашто немало место во затворот во Битола

Одделот за внатрешна контрола и криминалистички истраги при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против тројца полицајци за неизвршување на судска одлука. Според...

Македонецот од Пирин ќе ви каже каков проблем имал со Грк поради неговата тетоважа

Во Бугарија се осеќам како Македонец, до сега проблеми сум имал само еднаш и тоа во Грција.. Откако еден грк ми ја виде тетоважата додека...

Велешанец ја бара возрасната ќерка која со своето дете заминала во непознат правец

Марјанчо Малинов, татко на 23-годишната Теодора од Велес, вчера пријавил во СВР Велес дека таа заедно со нејзината двегодишна ќерка се оддалечила од нивниот...

Есенски екскурзии за пензионерите од Битола

Здружението на пензионери-Битола ги известува пензионерите од општините Битола, Новаци и Могила – членови на Здружението на пензионери Битола, дека од 16.09.2024 година до...