11.7 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаСветБритански лекари: Кралицата почина од скршено срце, никогаш не ја преболе смртта...

Британски лекари: Кралицата почина од скршено срце, никогаш не ја преболе смртта на Филип

spot_imgspot_img

Иако ја сменил својата вера кога се оженил со англиската кралица Елизабета во 1948 година, принцот Филип никогаш не се откажал од православието со кое растел, а кое често го покажувал во јавноста прекрстувајќи се со три прста.

Британската кралица Елизабета Втора почина во четвртокот, една година и пет месеци по нејзиниот сакан сопруг принцот Филип.

Долгиот, бурен и скандалозен живот на војводата од Единбург започна со неговото раѓање на Крф, а потоа следуваа години живот, прво во Германија, а потоа во Англија. Покрај тоа што бил вујко на принцезата Маргарита од Баден, сопруга на Томислав Караѓорѓевиќ, ќе остане запаметено и дека тој починал како припадник на православната црква.

Иако ја сменил својата вера кога се оженил со англиската кралица Елизабета во 1948 година, принцот Филип никогаш не се откажал од православието со кое растел, а кое често го покажувал во јавноста прекрстувајќи се со три прста. Иако пораснал во егзил, влијанието на неговата мајка Алиса од Батенберг и неговиот татко, принцот Ендру, кои биле посветени на верата, било силно.

асловна / Европа
Објавено на: September 11, 2022
Британски лекари: Кралицата почина од скршено срце, никогаш не ја преболе смртта на Филип

t

Иако ја сменил својата вера кога се оженил со англиската кралица Елизабета во 1948 година, принцот Филип никогаш не се откажал од православието со кое растел, а кое често го покажувал во јавноста прекрстувајќи се со три прста.

Британската кралица Елизабета Втора почина во четвртокот, една година и пет месеци по нејзиниот сакан сопруг принцот Филип.

Долгиот, бурен и скандалозен живот на војводата од Единбург започна со неговото раѓање на Крф, а потоа следуваа години живот, прво во Германија, а потоа во Англија. Покрај тоа што бил вујко на принцезата Маргарита од Баден, сопруга на Томислав Караѓорѓевиќ, ќе остане запаметено и дека тој починал како припадник на православната црква.

Иако ја сменил својата вера кога се оженил со англиската кралица Елизабета во 1948 година, принцот Филип никогаш не се откажал од православието со кое растел, а кое често го покажувал во јавноста прекрстувајќи се со три прста. Иако пораснал во егзил, влијанието на неговата мајка Алиса од Батенберг и неговиот татко, принцот Ендру, кои биле посветени на верата, било силно.

Според митрополитот Иларион, за него честопати се зборувало: „Станав Англичанец, но останав православен“. Сепак, овие зборови треба да се земат со резерва, бидејќи младиот Филип, иако бил крстен во Грчката православна црква, по заминувањето во Велика Британија пораснал кај својот вујко, лордот Луис Монтбатен, кој, меѓу другото, го носел на миси во Англиканската црква.

Меѓутоа, вистинското враќање на верата следеше четири децении по неговиот брак со најдолговечната британска кралица, кога, според британските медиуми, тој разговарал со руски православен епископ во Лондон во мај 1991 година.

Оттогаш до неговата смрт, заедно со синот, принцот Чарлс, бил член на „Англиското друштво на пријатели на Света Гора“, преку кое им помагале на манастирите на овој грчки остров. Без разлика дали поради својот татко или поради неговата баба по татко Алиса од Батенберг, кралот Чарлс во неколку десетици наврати одел на Светата Гора, каде што поминувал време во ќелиите со нормалниот, обичен свет, не барајќи никакви придобивки за себе.

За разлика од него, принцот Филип ретко одел во Грција, бидејќи не можел да го преболи она што Грците му го направиле на неговиот татко по Грчко-турската војна (1919 – 1922), кога принцот Андреј од Грција и Данска бил назначен за главен виновник за поразот, а со семејството и тогаш едногодишниот син Филип бил протеран од земјава.

И покрај тоа, принцот Филип ја негувал традицијата на православието со одење во црквата Свети Сава во Лондон, која кралицата Марија Караѓорѓевиќ ја купила со Луиз Паџет по Втората светска војна од Англиканската заедница.

Првата официјално регистрирана посета следеше во 1957 година, кога принцот Филип заедно со кралицата Елизабета присуствуваше на крштевањето на Марија Татјана, ќерката на Андрија Караѓорѓевиќ. Истата година, покојниот сопруг на кралицата Елизабета Втора присуствуваше на свадбата на принцезата Маргарита од Баден, која беше негова братучетка, со принцот Томислав Караѓорѓевиќ.

Во блиското минато, принцот Филип уште еднаш се појави во црквата Свети Сава на покана на Караѓорѓевиќ, во 2013 година, кога почина принцезата Маргарита од Баден, а чинот на погребот беше извршен според православните обичаи, на кој присуствуваше и Војводата од Единбург.

По разговорот со православниот епископ во мај 1991 година, принцот Филип планирал средба со Цариградскиот патријарх, посета на Света Гора и посета на Московскиот патријарх за јуни 1993 година.

Во текстот потпишан од англискиот новинар Гил Милтон е снимена изјавата на принцот на конференцијата одржана на Крит, а која се однесувала на екологијата и религијата.

„Православната црква отсекогаш знаела дека секоја форма на религиозно изразување, богослужба, молитва, славење, проповедање, монашки живот или мистицизам – може да обезбеди инспирација за практичен одговор на еколошката криза“, рече принцот тогаш.

Токму поради тие зборови, не изненадуваат мудрите мисли на новиот британски крал Чарлс искажани кога беше домаќин на медиумите и црковните великодостојници од Хиландар по повод добротворниот прием за обновата на уништениот манастир во пожарот.

КРАЛИЦАТА ПОЧИНАЛА ОД СКРШЕНО СРЦЕ?

Некои лекари веруваат дека смртта на принцот Филип пред 18 месеци можеби ја предизвикала смртта на кралицата Елизабета Втора на 96-годишна возраст.

Д-р Деб Коен-Џонсон, австралиски општ лекар, објасни за Дејли Меил што може да направи губењето на саканата личност за здравјето на нивниот партнер – и дали е медицински возможно да се умре од скршено срце.

– Не постои строга наука за тоа. Но, дефинитивно е забележан феномен. На некој начин повеќе се работи за губење на „волја“ отколку за здравје – рече експертот.

Иако нема докази дека кралицата Елизабета Втора починала од скршено срце, нејзиното здравје почнало да се влошува по смртта на нејзиниот покоен сопруг.

Кралицата имаше проблеми со подвижноста што ја принудија да се повлече од некои клучни настани, како што е прославата на сопствениот платинест јубилеј. Исто така, минатата есен поминала една ноќ во болница поради мистериозна болест.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ГРК Охрид обезбеди пласман во Европските ракометни купови

ГРК Охрид оберзбеди учество во европските купови, откако вечерва во салата „Билјанини извори“ ја совлада екипата на Пролет 29:22, полувреме 16:10, во натпревар од...

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...