6.9 C
Ohrid
вторник, април 1, 2025
ПочетнаМакедонијаНа 12 септември 1942 година, во борба со бугарската фашистичка полиција во...

На 12 септември 1942 година, во борба со бугарската фашистичка полиција во коријата кај с. Болно Ресенско загинал Народниот херој Стеван Наумов-Стив.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На 12 септември 1942 година, во борба со бугарската фашистичка полиција во коријата кај с. Болно Ресенско загинал Народниот херој Стеван Наумов-Стив. Откако со пиштолот убил неколку полицајци, се самоубил со последната бомба несаќајки жив да се предаде на непријателот. Со него загинал неговиот другар Мите Богоевски, познат македонски поет. Стив Наумов е роден во Битола, на 27 октомври 1920 година. Основно училиште и гимназија завршил во Битола. Во тој период гимназијата била центар на напредното движење на револуционерната младина од Битола, Прилеп. Како млад многу читал книги, научил самостојно да свири виолина, убаво цртал, бил член на битолскиот моделарски клуб, фискултурец во Соколаната. Потоа се запишал на техничкиот факултет во Белград. Таму бил примен за член на СКОЈ и на КПЈ. Во Белград како активен револуционер, учествувал во студентската воена обука, за да се стекне со искуство за ракување со оружје и учествувал во студентските демонстрации. Два пати бил апсен, еднаш одлежал 30 дена, а дргиот пат 90 дена кога бил особено жестоко тепан бидејќи се изјаснил како македонец. Потоа бил депортиран во Битола каде во 1940 год. бил избран за секретар на Месниот комитет на КПЈ. Од таа позиција формирал партиски ќелии во Битола, а особено во битолските села. Се вработил во фабриката за преработка на тутун позната како “Монопол“ како обичен работник со цел да го организира комунистичкото и синдикалното работење. Веднаш по заминувањето на српската војска по освојувањето на Битола од германските нацисти, на 11.04.1941 год. дал налог да се собира оружје, муниција и друг воен материјал со цел организирање на оруженото востание. Се спротиставил на решението на Методија Шаторов-Шарло за поврзување на македонската партиска организација на БКП. Сосема рано од периодот на окупацијата, во јули 1941 заминал во илегалност. Ја осмислил и организирал т.н. Илинденска демонстрација во Битола на 2 август 1941 год. против намерата на бугарскиот фашистички окупатор да го присвои Илинден. Во декември фашистичката полиција распишала потерница против него, нудејќи висока награда. Тоа само го охрабрило да биде уште поактивен. Го организирал и формирал Битолскиот партизански одред “Пелистер“, на 22 април 1942 год. На 6 мај 1942 год. во Битола при случајна средба го убил злогласниот полициски началник Александар Ќурчиев. Во јуни 1942 год. станал член и политички комесар на Оперативниот штаб на Народноослободителните и партизански одреди на Македонија. Непосредно учествувал во формирањето на Битолско-преспанскиот партизански одред “Даме Груев“ на 6 јули 1942 год. над ресенското село Златари. Ја раководел акцијата и лично учествувал во нападот на овој одред на полициската станица и општина во село Кажани, Битолско, на ден 18-19 август 1942 год. Го организирал влегувањето на овој одред во с.Смилево на 2 август 1942 год. и по втор пат го осуетил бугарското присвојување на Илинден, како и говорот на бугарскиот министер Габровски. Откако загинал на 12 септември во с.Болно, Ресенско, бугарските фашисти неговото распарчено тело и телото на Мите Богоевски најпрово ги закопале во блиската шумичка, потоа ги откопале и однеле во непознат правец плашејќи се дека нивните гробови ќе станат светилиште на народната борба за слобода. Така е до ден денешен, бугарите сеуште кријат каде се закопани Стив и Мите. За Народен херој на Југославија бил прогласен на 29 јуни 1945 година.

<

По тој повод денес пред споменикот на Народниот херој Стив Наумов, цвеќе положи заменик градоначалникот на Општина Битола, претставници на Советот на Општина Битола, ОО на Сојуз на борци-Битола, ОУ „Стив Наумов“ – Битола, претставници на фамилијата на Стив Наумов и политичката партија ВМРО-ДПМНЕ од Битола.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ФФМ „удри“ по тетовска Шкендија: Oгледаjте се на Шкендија Арачиново

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) отвора дисциплинска постапка против ФК Шкендија поради нечовечкото однесување на навивачите и непочитувањето на минута молк во чест на...

Лена од Кочани бара психолошка помош за нејзиниот син Александар кој помагал цела ноќ за вадење на жртвите од Пулс

На социјалните мрежи на својот фејсбук профил, Лена Мишева се огласи со апел за помош во кој вели: Сакам да дојде до знаење дека мојот...

Лажни хуманитарци од врата на врата собираат донации за настраданите и повредените во „Пулс

Лажни хумантарци деновиве биле забележани во Кочани и населените места барајки пари кои наводно ќе бидат наменети за настраданите и повредените во трагичниот пожар...

Уапсен член на обезбедувањето на премиерот Мицкоски.

Министерството за внатрешни работи (МВР) потврди дека на 30 март 2025 година е уапсен полициски службеник осомничен за оддавање службена тајна. Според информациите, станува...