21.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаАрсовска: Секој кој ќе нема резултати ќе заврши како послушниците на Мицкоски

Арсовска: Секој кој ќе нема резултати ќе заврши како послушниците на Мицкоски

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во гостување во вестите на Канал 5 телевизија, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска посочи дека секој кој нема да испорача соодветни резултати треба да понесе одговорност и дека нема да дозволи политичко влијание во Градот Скопје.

<

– Верувам дека сите граѓани знаат дека јас политичар не сум и во интерес ми е да се реализираат проектите кои се ветени во програмата, во интерес на сите граѓани. Доколку резултатите не се на задоволително ниво нормално е дека ќе има реакции и дека ќе има одговорност и ќе се понесе одговорност.. Во конкретниот случај имавме конкретна работа за која имаше индиции дека се случува влијание во постапка на еден милионски тендер односно јавна набавка за кој имавме реакција во јавноста вчера.

Секој има одговорост пред се’ пред граѓаните, таа доверба која ни била дадена не смее да се изневери, јас сум избрана на овие локални избори непосредно од скопјани и нивната доверба не смеам да ја изневерам.

Тоа не значи дека треба некој кој не испорачува резутати, не е транспарентен и не си ги завршува работите кои треба да ги заврши, да биде толериран. За нас како Град Скопје е важно оние лица на кои им имаме дадено таква одговорност да ги водат јавните претпријатија да ги испорачуваат тие резултати што од нив се очекуваат, доколку таа релација не е на задоволително ниво тогаш одговорноста треба да се понесе како што е понесена, вели Арсовска.

Градоначалничката Арсовска во изминатите два дена ги разреши поранешниот директор на ЈП “Водовод и канализација”, Златко Перински и поранешниот секретар на Град Скопје, Ѓоко Велковски поради самоволие и несоодветно постапување во тендерска постапка

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...