8.9 C
Ohrid
петок, јануари 24, 2025
ПочетнаМакедонијаФотографија од тројца луѓе кои „продале“ бубрег за новиот „iPhone“ го згрози...

Фотографија од тројца луѓе кои „продале“ бубрег за новиот „iPhone“ го згрози светот

spot_img

Клиника за убавина и разубавување во Лаос, „Dr. Nith Beauty Center“, објавила фотографија од тројца луѓе кои во рацете држат нови „iPhone 14“ телефони, а од десната страна имаат фластери низ кои се гледа крв.

<

Алузијата на вадењето бубрези за да добиете пари за купување на „iPhone 14“ телефон е јасна, а фотографијата ја вознемирила речиси цела јавност.

Фотографијата за кратко време станала вирална, а од Тајланд каде ја погледнале најмногу луѓе, се проширила низ цел свет, а она што го прикажува истата е целиот ужас во кој живееме денес во ова модерно време и во кое на луѓето навистина им е потребно да продадат бубрег за да си купат нов „iPhone“.

За жал, за работата да биде уште полоша сликата е намерно „монтирана“ и искористена како маркетинг трик т.е. само за да привлече внимание на клиниката која се рекламира.

Трговијата со органи е забранета, а самата идеја вознемирувачка и лоша, па не е ниту јасно како воопшто властите не реагирале за да спречат нејзиното ширење.

За жал клиниката која ја направила фотографијата смета дека не направила ништо лошо и тврди дека не заговараат продажба на бубрези за пари ниту пак вадење бубрег за купување телефон.

Фотографија ја осудил и Црвениот крст којшто потсетил на тоа дека истата испраќа непристојна порака која би можела да ги инспирира луѓето да преземат драстични мерки за да го добијат посакуваното парче технологија, особено во општествата кои не се богати, како што се Тајланд и Лаос.

Во споменатите земји „iPhone“ е статусен симбол затоа што чини драстично повеќе отколку во другите делови од светот, над 1.500 фунти му е почетната цена, а просечната плата кај нив е околу 350 фунти.
Извор: Точка.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Денеска четири судења против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко

Во Основниот суд во Струга почна првото од закажаните за денеска четири судења против градоначалникот Рамиз Мерко – за плочата на општинската зграда, две...

Во Хрватска продавниците празни: Бојкот поради високите цени !!!

Во Хрватска за денеска е најавен бојкот на продавници, малопродажни синџири и бензински пумпи поради постојаното поскапување, врз основа на иницијатива која започна од...

100 дена отчет за работењето на ЈПКД-ДЕБРЦА- 03.09.2024 – 31.12.2024

100 ДЕНА ОТЧЕТ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЈПКД-ДЕБРЦА 03.09.2024 - 31.12.2024 Во период од 100 дена по превземањето на Јавното Претпријатие за комунална дејност Дебрца на...

Димитриевски ја покажа лузната од 27-ми април: Вистинските виновници не се изведени пред правдата

Максим Димитриевски коментирајќи ја одлуката на Кривичен суд за уважената амнестија за организаторите на 27-ми април, во студиото на ТВ21 ја покажа лузнат од...