26.9 C
Ohrid
сабота, јули 26, 2025
ПочетнаМакедонијаПо Грција и Бугарија, Владата ќе оди и во Турција да бара...

По Грција и Бугарија, Владата ќе оди и во Турција да бара струја и гас

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

По обидите да се најде поевтина струја за слободниот пазар и постабилно снабдување на енергетски суровини, покрај Бугарија и грција, членови на Владата ќе ја посетат Турција како следна дестинација на агендата.

<

Министерот за економија Бектеши, директорот на МЕПСО Орхан Муртезани и на НЕР Бајрам Реџепи, до крајот на неделава ќе отпатуваат за Истанбул, на преговори со Боташ, државна компанија за пренос на гас за да се обезбедат одредени количиини од овој енергенс по поволна цена. Од 15 Октомври ќе почне грејната сезона а сѐ уште е неизвесно дали ќе се набават потребните количини гас за скопските топлани.

Во Турција ќе се преговара и за набавка на одредени количини електрична енергија, паралелно додека се уште траат преговорите со Бугарија за поевтин увоз на струја за субјектите од слободниот пазар. Наводно, барањето на македонската влада е еден мегавт да не чини повеќе од 180 евра.

Претходно Владата беше во посета и на Грција , каде се договори испорака на јаглен и мазут без ограничувања.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Внатрешната контрола ги проверува патарините: „Од видеото во Гостивар утврдено е дека само за неколку возила не било наплатено.

Почитувани, Јавното претпријатие за државни патишта во однос на виралното видео кое што се споделува на интернет кадешто се гледа колона на возила која поминува...

Го фатиле како краде краде лубеници, па со Роцангла го претепале до смрт.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, осомничени дека заедно како група извршиле кривично дело...

Мицкоски: Времето кога парите завршуваа во приватни џебови е минато, денес секој денар се гледа на терен

Кога локалната самоуправа работи со Владата како партнер тогаш резултатите не изостануваат. Овие проекти покажуваат дека Гевгелија е дел од приказната на новото време...

“Полека но сигурно, Грција станува наша”-За 5 години Македонците купиле станови во Грција за над 50 милиони евра.

Грција секоја година станува сè попривлечна за инвестирање во недвижности, а според износот Македонија е на 25-то место меѓу државите во светот чии жители...