18.7 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаБитиќи вели дека сеуште ние плаќаме најефтина струја

Битиќи вели дека сеуште ние плаќаме најефтина струја

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Имаме доволно аргументи за да побараме шест месеци период на енергетска криза, бидејќи сметам дека граѓаните заслужуваат соодветно да бидат испочитувани со соодветни мерки за најмалку да ја почувствуваат кризата, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на собраниската комисиска расправа по владиниот предлог да продолжи кризната состојба до 30 април 2023 година.

<

Според Битиќи, прогласувањето кризна состојба ќе овозможи механизми за справување со кризата.

– Треба да се побара кризна состојба во подолг временски период за да се креираат механизми за справување со евентуалната енергетска криза чиј извор не сме ние од Владата, туку е глобален феномен. Светските предвидувања се дека кризата ќе трае најмалку до пролетта следната година, рече Битиќи.

Вицепремиерот рече дека доколку Собранието одлучи оти не треба да се продолжи кризната состојба, во тој случај можноста навремено да интервенираат ќе биде невозможна.

За жал, две ипол години имавме различни кризни состојби и знаете колку помагаше носењето кризна состојба во справување со последиците, рече Битиќи.

Тој се надоврза дека Македонија никогаш во последните 20 години не била енергетски независна.

Битиќи исто нагласи дека многу подобро се снаоѓаме во период на енергетска криза отколку земјите во регионот. За наша среќа, како што рече, нашите граѓани и стопанственици досега немаат минута недостаток на електрична енергија освен во регионите каде може да има одредена хаварија.

– Справувањето со енергетската криза не е процес кој може да се случи преку ден или преку ноќ. За тоа стратегиите за енергетика се вообичаени 20 години стратегии. Ние наидовме на стратегија која била направена 90-ти години, а за жал многу малку од тоа спроведено. Имаме стратегија до 2040 година со јасни показатели кои за жал ќе треба да се ревидираат заради енергетската криза, рече Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека „со фактот дека обезбедуваме електрична енергија за целиот регулиран пазар значи дека обезбедуваме ел енергија за домаќинства 100 посто со фиксна цена која споредено со регионот е една од пониските и второ регулирана цена за стопанството за сите мали потрошувачи“. Таа бројка, како што рече, е отприлика 68 илјади субјекти кои влегуваат на регулираниот пазар, а се дел од стопанството и обезбедуваат електрична енергија по регулирана цена.

Седницата на собраниската Комисија за одбрана и безбедност на чиј дневен ред е владината Предлог-одлука за продолжување на кризната состојба во земјава до 30 април 2023 година ќе продолжи утре во 9 часот.

Како што образложи министерот за економија Крешник Бектеши, продолжувањето на рокот е поради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите со електрична енергија, а целта е да им се помогне на граѓаните, стопанството и институциите.

Предлог-одлуката за продолжување на кризната состојба до 30 април 2023 година беше утврдена на владината седница на 13 септември, а ако го помине собранискиот филтер, треба да почне да се применува од 1 октомври.

Владата во август донесе Одлука за постоење кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на Република Македонија. Одлуката почна да се применува од 1 септември 2022 година. Постоењето на кризната состојба во снабдувањето со електрична енергија, според оваа Одлука, треба да трае 30 дена од денот на почнувањето на нејзината примена.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...