27.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаНБРМ: Македонците во банка чуваат околу 8 милијарди евра

НБРМ: Македонците во банка чуваат околу 8 милијарди евра

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Со постпандемичното закрепнување на економијата што придонесе за стабилизирање на пазарот на трудот и раст на расположливиот доход, ризиците кај секторот „домаќинства“ се задржаа во контролирани рамки, со благо намалување во текот на 2021 година, соопшти Народната банка.
Според Централната банка, финансискиот имот на македонските домаќинства минатата година бележи номинален раст, највисок во изминатите десет години.

<

Вкупниот финансиски имот на домаќинствата, кој покрај депозитите во банките ги вклучува и другите облици на штедење и финансиско вложување на домаќинствата (како што се вложувањата во домашни и странски хартии од вредност, средствата во пензиските фондови, вложувањата во инвестициските фондови и во осигурувањето на животот, готовите пари во оптек и слично), заклучно со крајот на 2021 година, изнесува 498 милијарди денари и на годишна основа пораснал за околу 43 милијарди денари, или за 9,3 отсто. Притоа, и во текот на 2021 година, домаќинствата тежнеат кон помалку ризични вложувања, пред сè во депозити кај банките и во приватните пензиски фондови. Ваквиот заклучок се извлекува од Извештајот за финансиската стабилност за 2021 година, што неодамна беше разгледан и усвоен од страна на Советот на Народната банка.

Учеството на вкупниот финансиски имот на домаќинствата во БДП во 2021 година изнесува 68,8 проценти и е малку повеќе од двојно повисок од нивниот вкупен долг. Долгот на домаќинствата во текот на 2021 година пораснал за 8,9 проценти, наспроти 7,9 отсто во 2020 година, што сепак е помалку од растот на номиналниот БДП. Со ова стапката на задолженост на домаќинствата се задржа на релативно стабилно ниво од околу 30 отсто од БДП, што сè уште не е високо ниво на задолженост. Показателите за солвентноста и ликвидносната позиција на домаќинствата засега упатуваат на релативно ограничена системска ранливост на овој сектор. Сепак, домаќинствата може да бидат чувствителни на ризиците од окружувањето, коишто заради војната во Украина се нагласени во овој период.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициските службеници од Охрид спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата !!

Полициските службеници спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата На 28.06.2025 во 19.30 часот, во Полициската...

Скопјанец со електричен тротинет удрил во отворена врата од автомобил.

Во саботата попладне на улицата „Борис Сарафов“ во Скопје, 29-годишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако со електричен тротинет удрил во отворена...

Партијата на пензионерите излегува од коалицијата со СДСМ, на Локални ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на...

Малечката Калина од Гевгелија, ја даруваше косата за деца болни од рак, во чест и спомен на својата прерано почината тетка

Во еден неверојатен гест на хуманост и емпатија, малите девојчиња ширум земјата одлучуваат да ја даруваат својата коса за изработка на перики за деца...