3.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаАко кажам каде е гробот на Александар Македоноски ќе има трета светска...

Ако кажам каде е гробот на Александар Македоноски ќе има трета светска војна, изјави Паско Кузман пред две години !!!!

spot_img

Според моите сознанија, гробот на Александар Македонски се наоѓа кај Исар, во селото Марвинци на старите пајонски гробишта“, вели археологот и поранешен директор на Управата за заштита на културното наследство во интервју во 2020 година !!!!!

„По сите истражувања и проучувања што ги вршев годиниве, слободно можам да кажам дека знам каде е гробот на Александар Македонски, ама во овие моменти мојот интелектуален капацитет е насочен кон пишување на еден роман за нашинец во Париз“, вели археологот Паско Кузман, кој е познат по својата изјава дека нема да замине од овој свет сè додека не го открие гробот на еден од најголемите војсководци во историјата на човештовото.

„Во една прилика, кога ме прашаа зошто не кажувам ако знам каде се наоѓа гробот на Александар Македонски, одговорив дека ако тоа го направам ќе започне Трета светска војна. Јас дури стравувам за натамошниот развој на човештвото ако се дознае вистината за местото каде е погребан Александар. Тоа ќе биде нешто слично на откривањето на гробот на Исус Христос”, вели Кузман.

Според негови сознанија, за кои не ветува дека се апсолутно прецизни, местото на погребувањето на Александар Велики е кај археолошкиот локалитет Исар во валандовското село Марвинци.

„Според моите сознанија, гробот на Алекснадар Македонски се наоѓа кај Исар во селото Марвинци на старите пајонски гробишта. На овој простор има над 10 илјади гробови. Многу од нив не се истражени. Јас кога бев во Управата за зашитата на културното наследство работевме токму на овој терен и отворивме голем број гробови. Поширокиот простор на Исар Марвинци крие голема историја од 9 век пред н. е. па сѐ до 6 век од н. е ”, вели Кузман.

Паско Кузман од 2006 до 2013 беше директор на Управата за заштита на културното наследство. Во јули 2014, Кривичниот суд во Скопје го осуди на 3 години казна затвор за случајот на незаконското откопување и продажба на археолошки предмети, познат како „Фаланга 2“. Кузман беше осуден за злоупотреба на службената положба, бидејќи на две лица им издал дозвола да вршат ископувања на два локалитета кај Катланово и кај Делчево.

Кузман беше значајна личност во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски, и еден од творците на тезата дека денешните Македонци имаат античко потекло. Тој практично е еден од умотворците на целиот озлогласен процес на антиквизацијата – лично гледаше како се поставуваа античките фигури од Стоби пред Владата уште пред да се смени модерната во квазибарокна фасада. Од тој процес на антиквизација се изроди и проектот „Скопје 2014“ и спомениците на Александар Велики и Филип Втори на централните плоштади во главниот град, за што владата на Груевски потроши стотина милиони евра, односно 700 милиони евра за целиот проект.

Кузман беше одговорен за опремувањето на Археолошкиот музеј во Скопје, каде и за пола милион евра донесе реплика на таканаречениот „Саркофаг на Александар Велики“ чиј оригинал е изложен во Истанбул, а кој се вика така оти на него има релјефи за битки на Александар. Оваа копија, иако неспоредливо помалку вредна од бесценетите оригинални експонати во Археолошкиот музеј, сè уште има најпроминентно место во музејската поставка.

„Иако е копија, таа ќе биде драгоцена. Станува збор за навистина репрезентативен објект, редок во светот. Со сите релјефи и битки, многу е атрактивен. Тоа е драгоцена копија. Турците првпат ни дозволија изработка на копија, имајќи ги предвид нашите културни и пријателски односи“, изјави Кузман за весникот „Дневник“ во февруари 2013.

Кузман денес има свое објаснување зошто смета дека гробот на Александар е во земјава.

„Кога Александар Македонски починал во Вавилон негови генерали се договарале каде да го пренесат телото. Откако телото било балсамирано, било решено со златна кочија да се однесе во Египет. Меѓутоа, на еден од блиските генерали на Александар му се јавила Олимпија, која му рекла дека не треба да се носи во Египет. Треба да биде пренесен таму каде што е роден, во Македонија. За да го донесат во Македонија биле направени две кочии. Едната, во која не било телото на Александар тргнала навистина за Египет, а втората со телото на Александар Македонски заминала за Македонија. Токму поради ова, сметам дека неговиот гроб е кај Исар Марвинци“, вели Кузман.

Кузман вели дека моментално е преокупиран со пишување на романот „Париски синдром“, чиј дел е и тој самиот.

„Станува збор за младо момче од Источна Македонија кое заминало во Париз. Таму тој запознава богат Парижанец кој бил во количка, а имал убава и млада жена. Момчето од Македонија ја запознава брачната двојка и мажот одлучува да го посвои. Во меѓувреме, се раѓа љубов меѓу момчето и жената која го посвои. Настанува вистинска драма, а стариот париски господин на момчето од селото Драмче му рекол: ‘Што сакаш да ти купам’. Тој побарал ресторан и го добил. Потоа се случуваат драматични настани кои ќе ги опишам во мојот роман”, вели Кузман.

Д. ЧУБРИЌ СДК.МК

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...