25.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаАвтопатот Тетово-Гостивар не е автопат?! – Директорот на „Државни патишта“ призна дека...

Автопатот Тетово-Гостивар не е автопат?! – Директорот на „Државни патишта“ призна дека не се исполнети стандардите !!!!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Автопатот Тетово-Гостивар не ги задоволува стандардите за да се нарекува автопат, но и покрај тоа граѓаните и понатаму плаќаат патарини на овој патен правец. Ова во емисијата „Клик Плус“ го изјави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми.

<

Ејуп Рустеми: Тетово-Гостивар не ги исполнува стандардите за да биде автопат, затоа е дел…

Тогаш зошто плаќаме?

Е.Р.: Поради тоа е предвидено да се склучи договор со „Бехтел и Енка“.

Иако признава дека оваа делница не ги задоволува предвидените стандарди, на прашањето – зошто граѓаните и понатаму плаќаат патарина, Рустеми се правдаше цитирајќи закони.

-Зошто плаќаме кога не е автопат?

Е.Р.: Одредено е уште во 1995-та.

-Да, но Ве прашувам дали е фер? Вие сте функционер, јас граѓанин, немаме сите картички.

Е.Р.: Поради тоа ние сакаме да направиме да биде автопат.

-Тоа вие што сакате е друго нешто, јас плаќам, во колата имам две сметки што сум ги платил. Кажете ми дали е фер?

Е.Р.: Сите плаќаме согласно законот.

-Но, зошто кога не е автопат? Зошто им нанесувате неправда на Тетово и Гостивар, како и на сите што поминуваат таму? Зошто не го смените тоа, кога веќе знаете дека не е автопат?

„Сега ќе го смениме. ДУИ со преземањето на власта, работата која се обврза да ја направи е изградба на Коридорот 8, согласно она што го прочитав во програмата“, вели Ејуп Рустеми.

Согласно предвидените стандарди, автопатот треба да има две ленти, плус една помошна широка најмалку 2.5 метри. За овој патен правец досега имаше бројни реакции, а пред неколку месеци жителите на тетовското село Селце, излегоа на протест бидејќи се принудени секојдневно да плаќаат по 30 денари патарина за само 2,5 поминати километри.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...