14.1 C
Ohrid
среда, јули 9, 2025
ПочетнаМакедонијаДоколку вашето возило не е на Штипски таблички ќе мора да платите...

Доколку вашето возило не е на Штипски таблички ќе мора да платите влез за Пастрмајлијадата !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На кружната сообраќајница на влезот во Штип од правец на Скопје и Кочани, службите за паркинзи на ЈП „Стипион“ ги стопираат возлата кои немаат штипска регистрација и бараат да платат 80 денари за паркирање ако одат на „Штипската пастрмалијада“, пренесе СДК.мк

<

Бесплатно се пропуштаат само возилата со штипска регистрација или оние кои кажуваат дека одат на гости или имаат некоја друга работа, односно не се дојдени во Штип за пастрмајлијадата, пишува СДК.мк

„Го копираме теркот на другите градови кои за вакви и слични манифестации наплаќаа при влез. Ние барем им даваме флаери на оние штом ќе платат да видат скица каде може да се паркираат во градот, посебно во околината на градскиот стадион во Штип каде се одржува манифестацијата. Со платениот влез, всушност, го плаќаат целовечерното паркирање што е на ниво на целодневното како секој обичен ден“, велат вработени во „Стипион“.

На кружниот тек во близината на бензинската пумпа на „Лукоил“, каде е единствениот влез во Штип од правец на Скопје и Кочани, подолго време имаше застои во сообраќајот. Револтирани возачи прашуваа зошто мора да платат за да влезат во градот. По извесно време, вработените во службата за паркинзи по налог на градоначалникот Иван Јорданов прекинаа да наплатуваат и почнаа да ги пропуштаат возилата.

„Штом дознав за ова веднаш наредив да се стопира наплатата. Како дошло до тоа ќе видиме, но можам да кажам дека до крајот на ноќта и во текот на утрешниот втор ден од манифестацијата такво нешто ќе нема“, вели градоначалникот Јорданов.

Големиот број заинтересирани од другите градови денеска се упатуваа кон Штип за да присуствуваат на настапите на музичките групи ДНК, Ангушеви и на концертот на хрватската пејачка Јелена Розга. На традиционалното сечење на џиновската пастрмалија присуствуваше и евроамбасадорот Дејвид Гир.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Чудо спречи трагедија: Цистерна за малку ќе завршеше во Брегалница кај градинката Астибо во Штип!

Чудо спречи трагедија: Цистерна за малку ќе завршеше во Брегалница кај градинката Астибо во Штип! Тешко возило – цистерна полна со гориво - за малку...

Тешка сообраќајна несреќа кај селото Оровник– едно лице загинато !!!

Ужасна сообраќајна несреќа се случи вечерва на влезот во Охрид, близу Аеродромот односно селото Оровник. Според првичните неофицијални информации, има едно загинато лице. Интервенираше противпожарна...

ХЕРОЈ! Скопски пожарникар 48 часа без прекин се бори со огнот!

Скопскит епожарникари со денови постојано вложуваат максимални напори за справување со пожарите на неколку локации во периферијата на градот. Според последното соопштение на ЦУК на...

Вознемерувачко: Детенце од Македонија врзано со јаже на рацете и вратот бидеќи украло пари од продавница !!!!

Сцена што не смее да се повтори – бурни реакции по видео со вербално и психичко малтретирање врз дете На социјалните мрежи кружи вознемирувачко видео...