16.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонија„Голф 4“ излета во Вардар кај тетовско Желино, се трага по патниците

„Голф 4“ излета во Вардар кај тетовско Желино, се трага по патниците

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Тетовската полиција информира дека е почната потрага по луѓе по водотекот на Вардар, откако околу 11:30 часот било пријавено дека патничко возило излетало од коловозот на мостот во Желино и паднало во реката.

<

„Констатирано е дека во реката Вардар е паднато возило „фолксваген голф 4“, со кумановски регистарски ознаки. Во возилото кое е пронајдено и ќе се извлекува од реката, засега не се пронајдени лица. На самото место се јавен обвинител, увидна екипа од СВР Тетово и други полициски службеници, кои ги пребаруваат водите на реката, а повикани ќе бидат и нуркачки екипи од МВР со цел да се пронајде возачот на возилото и евентуално други сопатници. Се расчистува и документира случајот“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) за истиот случај информираше дека возилото со помош и поддршка од градежни машини е извлечено надвор од длабоките води на речното корито.

„Поради брзината, длабочината и заматеноста на водата, возилото во еден дел од речното корито е носено по течението, но за кратко време пропаднало во природен јаз и визуелно не се гледало. Во моментот не може да се одреди дали во возилото имало луѓе и каква е состојбата со нив. Оперативниот центар на ЦУК веднаш оставри комуникација и координација со МВР – СВР Тетово, ТППЕ Тетово, Брза помош Тетово и ДЗС. МВР веднаш испратија нуркачки екипи од специјалната единица и тие се веќе на пат кон с. Желино, додека Дирекцијата за заштита и спасување праќа сопствени екипи за спасување од поплави кои се со седиште во Велес“, велат од ЦУК.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...