15.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонијаГраѓаните почнаа да купуваат директно од земјоделците: Нашето сирење е без хемикалии!

Граѓаните почнаа да купуваат директно од земјоделците: Нашето сирење е без хемикалии!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Цените се реални, велат производителите….

<

Поскапувањето на цените на млекото и млечните производи во маркетите, ги натера граѓаните да се свртат кон локалните производители. Цените на сирењето и кашкавалот скокнаа високо, па народот почна да бара поевтина варијанта – повик до производителите кои чуваат стока.

Во денешно време, тоа е најлесно на социјалните мрежи.

Еден од нив е и Ивица Ачкоски, од прилепскиот крај кој чува добиток и млекото и сирењето ги носи во млекара, но и го продава на луѓето приватно. Вели дека интересот за неговите производи е зголемен откако објавил во групата на социјалните мрежи.

„Луѓето си бараат поевтина варијанта и побарувачката се зголеми. Тоа е очекувано во време на ваква криза. Сепак, јас немам толку добиток за да ги задоволам потребите на многу граѓани. Се јавуваат често и луѓе од Скопје, но не можам да одговорам на нивните барања. Моите можности се да им ги понудам производите на луѓето од моето соседство. Сепак, очекуваме и нашите производи да поскапат, кризата не притиска сите“, вели Ачкоски за „Фокус“.
Освен сирење, производителите нудат и млеко, градинарски и овошни култури со можност за достава до местото на живеење на побарувачите. Производителите потенцираат дека нивните производи не се прскани со никакви хемикалии и дека се подготвени на природен начин.

Цени варираат од понудувач до понудувач. Се нуди домашни сирење по цена од 300 до 400 денари за килограм, при што се добива поддршка од останатите понудувачи дека цените се реални, со оглед на тоа дека станува збор за домашни производи, без никакви преработки.

„Штотуку ми го испорачаа сирењето од дебарскиот крај, што се рекламираше во оваа група. Сирењето е одлично, да го мачкаш на лепче“, задоволно коментира една скопјанка.
Цената на козјото млеко во оваа група се движи од 70 денари од литар, додека пак козјата сурутка е поевтина – 50 денари за литар. Цената на килограм ореви е 150 денари, додека пак килограм компири чинат 35 денари, а доматите од скопските регион се продаваат за цена од 50 денари.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Арсовска му возрврати на пратрникот Ковачев: Имам чешки пасош, бугарски немам !!!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска во гостување во „Тешки муабети го демантира европратеникот Андреј Ковачев кој објави дека наводно Арсовска е бугарски...

Видео: Семејствата на загинатите го исвиркаа кочанскиот градоначалник, тој го откажа најавениот концерт

Вршителот на должноста градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, вечерва се појави пред семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, кои одржаа протест, гневни...

После лавината реакции, Кочани се откажа од прославата по повод празникот Петровден.

Почитувани сограѓани, Животот продолжува, но трагедијата во дискотеката „Пулс“ нè остави во заложништво на болката, особено за родителите кои живеат со страв и загуба. Откажувањето на...

Андреј Ковачев: „Нападот врз Арсовска е напад врз бугарски државјанин“

Европратеникот Андреј Ковачев го осуди инцидентот со скопската градоначалничка Данела Арсовска, нарекувајќи го „уште една загрижувачка атак врз бугарски државјанин во Северна Македонија“. Сериозно сум...