3.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаКабините за софтверот на Рашковски, ги нашле во Стаклара

Кабините за софтверот на Рашковски, ги нашле во Стаклара

spot_img

Рашковски неколкупати му порача на сведокот Трајковски дека лаже, а цитираше и членови од Законот за заштита на лични податоци и тврдеше дека според нив дозволена е биометриска идентификација на вработените во областа на трудовото право.

Во Основниот Кривичен суд во Скопје денеска продолжи судењето за случајот „Софтвери”, во кој првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

Рашковски неколкупати му порача на сведокот Трајковски дека лаже, а цитираше и членови од Законот за заштита на лични податоци и тврдеше дека според нив дозволена е биометриска идентификација на вработените во областа на трудовото право.

Во Основниот Кривичен суд во Скопје денеска продолжи судењето за случајот „Софтвери”, во кој првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

На денешното рочиште сведочеа Горан Трајковски, поранешен директор на Дирекцијата за заштита на лични податоци и Мухамед Зеќири, поранешен секретар на Владата на Република Северна Македонија.

Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП), според сведочењето на Трајковски, како што објави „360степени“, пратила укажување до Генералниот секретаријат на Владата, кога на функцијата бил Драги Рашковски, за да се внимава да не се прекрши Законот за заштита на лични податоци пред набавката на софтверот за биометриска идентификација.

Според сведокот овој софтвер требало да се користи за идентификација на вработените во Генералниот секретаријат, односно при нивното доаѓање и заминување од работа, но тоа било спротивно на праксата во ЕУ и соседството „бидејќи за обработката на биометриски податоци постојат најригорозни одредби. Односно, како што посочи Трајковски, биометриски податоци на вработени се обработуваат во случаи кога е во прашање јавното здравје, на пример, за влез на вработени во лаборатории во кои се чуваат вируси или во места каде што има експлозиви“.

Од друга страна Рашковски неколкупати му порача дека лаже, а цитираше и членови од Законот за заштита на лични податоци и тврдеше дека според нив дозволена е биометриска идентификација на вработените во областа на трудовото право.

„Станува збор за сведок кој и по временскиот период кога бил директор не е со никаква функционална поврзаност со набавката, затоа што тогаш не е директор, вториот факт е што одговорите што го даваше не беа поткрепени ниту со законски одредби. Давањето лични ставови би го претворило ова судење во дебатна емисија од која не треба и понатаму не смее да произлегуваат судски одлуки. Ова е направено за да може да излегуваат наслови во портали. Во процесот ниту некаде е наведено зошто овој софтвер ќе се користи, сега гледаме претумбување дека ќе се користи за евидентирање работно време, а обвинителката Русковска во воведни зборови зборуваше дека ќе се користи за пасоши и лични карти”, рече Рашковски.

Покрај набавката на софтверот за биометриска идентификација Рашковски се товари и за нелегална набавка на софтвер за сообраќајни прекршоци како и исплата на хонорари.

Мухамед Зеќири, поранешниот генерален секретар на Владата, денеска во судница од позиција на сведок рече дека при примопредавање на функцијата не бил запознаен со двата софтвери – за сообраќајни прекршоци и за биометриска идентификација, за кои се води судски процес во кој токму Рашковски е првообвинет.

Тој рече дека ниту на седниците на Владата, на кои тој присуствувал, не се разговарало за двата софтвери за кои се гони Рашковски. На прашање на обвинителката Ивана Трајчева дали Генералниот секретаријат има надлежност да утврдува брзина на движење на возила и да изрекува казни, Зеќири рече дека, колку што му е него познато, Владата не го прави тоа.

Тој кажа и дека според одговорите што му ги доставиле службите додека бил на функцијата, Владата немала одлука да се набави ваков софтвер, по што следуваше и прашање од обвинителката за тоа која е процедурата за да се направи набавка за друга институција алудирајќи на потребите на МВР, како што тврдеше Рашковски кога беше обелоденет случајот.

„Ако не грешам, тоа оди по барање на институцијата, се носи одлука на Влада, се врши набавката и се прави примопредавање кон институцијата”, рече Зеќири.

Тој одговори негативно и на прашањата дали пронашол документација дека се формирани работни групи за имплементација на софтверот и дали тој бил ставен во функција.

И за софтверот за биометриска идентификација Зеќири посочи дека не бил ставен во функција додека тој бил генерален секретар и потврди дека кабините кои биле набавувани за овој софтвер не биле во Владата.

„Се формираше пописна комисија, таа го утврди местото каде се наоѓаат и ми покажаа слика. Се утврди дека се во просториите на Стаклара. Прашав зошто не се во Владата и ми рекоа дека поради обемот немало таква просторија за да ги сместат таму”, рече Зеќири кој појасни дека се формирала пописна комисија за да се утврди фактичката состојба.

А, дали воопшто бил пронајден софтверот, тој одговори дека не се сеќава, но оти стои на писмениот одговор што го дале од Владата по барање на обвинителството.

Рашковски, пак, со своите прашања упатени до неговиот наследник на функцијата, се обиде да докаже дека нема ништо спротивно на законот при набавките на двата софтвери. Па така го праша Зеќири дали е точно дека како Генерален секретаријат имале право самостојно да ги носат одлуките за потребите за реализација на јавни набавки и дали е точно дека не им била потребна одлука на Владата, на што Зеќири му одговори потврдно.

Рашковски со прашањата се обидуваше да ги дискредитира и другите одговори што Зеќири ѝ ги даде на обвинителката, па така прашуваше дали постои писмена евиденција дека е направена проверка дека софтверот за биометриска идентификација го нема, дали побарал пристап до софтверите на Владата за да се види дали е инсталирана апликацијата за софтверот за сообраќајни прекршоци, дали направил анкета меѓу вработени дека не е спроведена обука на вработените за имплементација на тој за биометриска идентификација итн.

Прашан дали е точно дека како Генерален секретаријат имале право самостојно да ги носат одлуките за потребите за реализација на јавни набавки и дали е точно дека не им била потребна одлука на Владата, Зеќири, како што објави „360″, одговорил потврдно.

Рашковски е обвинет за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и „перење пари и други приноси од казниво дело”. Во истиот случај се обвинети и Ивица Димитровски, Игор Христов, Даниел Станчев, Ирена Ивановска, Игор Ивановски и Маја Силјановска за „злоупотреба на службената положба и овластување”.

Извор: Слободен Печат

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик

Насловна / Балкан • Македонија Објавено на: December 23, 2024 На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик t За првпат се случува конференција на...

Бајден помилуваше 37 од 40 затвореници осудени на смртна казна

Американскиот претседател Џо Бајден денеска им ги преиначи казните на 37 од 40 федерални осуденици на смрт во доживотен затвор без можност за условно...

Трамп: Во САД ќе има само два пола – машки и женски

Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски. Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп,...

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...