17.7 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаМакедонијаКовачевски: Не сум дезертер, имав абдоминален проблем, а во 2001 година му...

Ковачевски: Не сум дезертер, имав абдоминален проблем, а во 2001 година му помагав на татко ми како градоначалник на Куманово да се справи со воениот конфликт

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ го праша премиерот Димитар Ковачевски да ја каже вистината дали дезертирал од војска и избегнал да ѝ служи на државата во 2001 година или е трајно неспособен па оттаму не може да ја изршува ниту функцијата, нарекувајќи го „отпадник од македонското ткиво“. Премиерот одговори дека регрутната комисија во 2000 година, пред воениот конфликт, базирајќи се на лекарски наоди, одлучила дека е неспособен за војска. „Со абдоменалниот проблем и денес се соочувам“, рече премиерот и го нарече Ковачки шпион на странски служби и „лице за кое е потребно конзилијарно мислење“.

<

Дали приложивте документ дека сте трајно неспособен за служење на воениот рок, затоа што сте трајно неспособен или лажиравте дека сте трајно неспособен“, гласеше прашањето што Драган Ковачевски му го постави на премиерот Димитар Ковачевски.

Претходно тој образложи дека лице кое е трајно неспособно не може да води држава и нагласи дека ако е лажирана потврдата дека тој не може да има пристап до буџет од 5 милијарди евра, дека не може да има доверливи информации, безбедноснен сертификат и дека едноставно, не може да биде премиер.

Премиерот Ковачевски одговори дека одговорот на прашањето го упатува до граѓаните затоа што, нагласи, тука во Собранието дал заклетва дека ќе работи во интерес на граѓаните.

„Јас ветив дека ќе ја зборувам само вистината. Накусо, во 2000 година, согласно со сите законски процедури базирани на законот за одбрана од 1992 година, во рамки на процедурата, а поткрепено со стручни лекарски мислења заради мој здравствен „ беше регистрирано моја неможност за служење на воена обврска. Непознати за мене лица од регрутните комисии го дадоа тоа мислење и тоа во 2000 година, пред да се случи воениот конфликт и кризата од 2001 година. Ниту сум прв или последен случај поради здравствен проблем. Тоа јасно и гласно го соопштувам. Не за да се објаснувам, туку затоа што еве, ја говорам вистината“, рече премиерот Ковачевски и додаде:

„Во 2001 година му помагав на мојот татко како градоналник на Куманово да се справи со воениот конфликт, додека врхушката на ВМРО-ДПМНЕ беше избегана по грчките плажи“.

На тоа реагираше пратеникот Ковачки и во форма на дополнително прашање рече:

„Лажел тогаш, лаже и денес. Слушнавме дека сте трајно неспособен за АРМ. Дали вашата состојба е прогресирана? Затоа е битно да се утврди дали сте способен за функцијата. Тоа го велат законите. Вие сте дезертер и отпадник од македонското ткиво. Македонија не се брани под јорган. Избегавте кога беше најпотребно и го лажиравте тој документ. Срам за државата е да бидете на оваа функција. Нема држава во која дезертерите се водство. Вие не сте премиер, туку марионета, пиун. Македонија така нема напредок. Ќе се види кој е кодош“, рече Ковачки.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство.

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство. Натпреварот беше обележан со ужасното однесување на албанските хулигани кои...

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој сега повторно работи како лекар, на...

Не дочека да се израдува на оваа вест: Сопругата на Игор Југ на свет донесе здраво машко дете

Во сенка на голема лична и семејна трагедија, семејството на уставобранителот Игор Југ, кој почина откако беше осуден за настаните од 27 април, доби...

Дрвокрадци уништија возило на шумската полиција

Дрвокрадци со директен судар го уништија службениот Дастер на Шумската Полициска Станица во Прилеп – напиша вечерва на социјалните мрежи заменик директорот на Македонски...