16.9 C
Ohrid
недела, септември 14, 2025
ПочетнаМакедонијаКовачевски: Идната година можен е до 50 проценти глобален недостиг на храна,...

Ковачевски: Идната година можен е до 50 проценти глобален недостиг на храна, претпоставувате што тоа ќе значи за нас

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Од идната година на глобално ниво може да се очекува 50 проценти недостиг на храна, што секако ќе се одрази и на цените, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски од собраниската говорница, одговарајќи на пратеничко прашање.

<

„Идната година проблемот нема да биде цената на храната и логистиката за транспорт на храна, туку недостигот на храна. Гледајќи го движењето на ова што се случува на воено поле, гледајќи го недостигот на гас, а гасот е основен елемент за производство на вештачки ѓубрива, можно е недостиг на вештачки ѓубрива, а може да се очекува од идната година и 50 отсто недостиг на храна. И може да претпоставите што тоа ќе значи за Африка, делови од Азија и кај нас. Кај нас ќе има храна, но нејзината цена ќе биде енормно висока“, рече Ковачевски одговарајќи на прашање од пратеничката Даниела Николова од СДСМ.

„Прво, веќе донесовме одлука за доделување државно земјиште заради зголемено производство на пченка, пченица, јачмен, значи стратешки култури. Мене ми е драго што имаше голем интерес на таа аукција каде наши граѓани изразија желба и го земаа земјиштето и почнаа со производство. Второ, инвестиравме во зголемени субвенции преку интервентниот фонд кој е 900 милиони денари во однос на производство на стратешки земјоделски производи, веќе производството на сончоглед е дуплирано и така ќе продолжиме. Акцент ќе се стави на испорачување на земјоделски производи во домашни преработувачки капацитети. Сакаме кога ќе се инвестираат субвенции да имаме на крај зголемено производство на финална храна во државата и тоа е процес кој ќе се води во наредниот период, но со нов систем на субвенции од кој најзадоволни ќе бидат вистинските земјоделци“, рече  Ковачевски.

Тој додаде дека посебно внимание било посветено и на лозаропроизводителите и на винариите. „Наследивме во 2017 година“, рече тој, „еден огромен износ на неисплатени субвенции, а оваа година, како најкризна, сите заостанати субвенции ќе бидат исплатени“.

„Не може никој да каже дека цените на храната идната година ќе бидат пониски. Тоа тој што ќе го каже тоа го кажува или од незнаење или го кажува за да може да манипулира. Со недостиг на вештачки ѓубрива, со 100 проценти зголемена цена на достапните вештачки ѓубрива, ако најдете, приносите ќе бидат помали, цената ќе биде повисока. Основно е да произведеме ние она што е најнеопходно во државата и кое можеме самите да го направиме“, заклучи Ковачевски, повторувајќи дека цените растат бидејќи има недостиг на храна во Европа, зголемени цени на енергенси, транспорт итн.
МИА

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Министерство за здравство: Ќе се поделат 2.000 заштитни маски на жителите во Трубарево

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското...

Перчо Божиноски носител на листата на ВМРО ДПМНЕ за Советот на Општина Охрид

Перчо Божиноски ( актуелен Претседател на Советот на Општина Охрид ) ќе ја предводи листата за Совет на ВМРО ДПМНЕ на Локалните избори годинава...

Мојсоска кандидат на Левица за градоначалник на Струга

Во општините Тетово, Гостивар и Струга, Левица е единствената парламентарна партија од македонскиот политички блок која излегува со сопствени кандидати за градоначалници, наведува Левица...

Во Тетово натепан млад механичар.

На 11 септември 2025 година во 18:00 часот, во Полициското одделение Камењане, С.Ф. (20) од село Синичане, тетовско, пријави дека околу 17:00 часот бил...