16.9 C
Ohrid
среда, мај 1, 2024
ПочетнаМакедонијаМицкоски не сака дуел со Арсовска, вели граѓаните не биле заинтересирани

Мицкоски не сака дуел со Арсовска, вели граѓаните не биле заинтересирани

spot_imgspot_img

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска има доволен број на дуели во Советот на Град Скопје и нема потреба да излезам на дуел со неа, изјави денеска лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на тетовско Прељубиште во Општина Јегуновце.

– Јас ценам дека ние лидерите на двете партии сме одговорни да обезбедиме тоа што им е потребно на граѓаните и на тоа ниво го повикувам Ковачевски да излеземе пред граѓаните да дебатираме. Кога Арсовска има нешто да каже, мислам дека тоа го прави исклучително плодно на седниците на Советот на Град Скопје заедно со советниците. Мислам дека е тоа вистинско место каде таа треба да ги манифестира своите дебатерски капацитети, рече Мицковски.

На прашањето дали ќе го прифати предизвикот од пратеникот на ДУИ, Изет Меџити, кој рече дека ќе гласа „за”, ако има интерпелација за првиот вицепремиер Артан Груби, Мицкоски истакна дека тоа е „добра можност за целосно промена на власта”.

– Јас на тој предизвик само ќе одговорам со контрапредизвик, ајде сите заедно 61 да гласаме за распуштање на Парламентот и да одиме на предвремени парламентарни избори, истакна Мицкоски.

Запрашан за именувањето на новите директори на јавните претпријатија на Град Скопје, кои во јавноста беа посочени како кадри на ДУИ, Мицкоски рече дека за тоа треба да одговори градоначалничката Арсовска.

– Вие констатирате самите дека се на предлог на ДУИ. Јас само ќе напомнам дека ДУИ на локалните избори во минатиот октомври беше цврсто против Данела Арсовска и беше цврсто за Петре Шилегов, кој беше поразен од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Мнозинството во Град Скопје го предводи ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, мнозинството во управните одбори и надзорните одбори се на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата и будно ќе ја следиме работата на новите кадровски решенија на Данела Арсовска. Будно ќе следиме дали се исполнува програмата за модерно Скопје и ако има какво било дивертирање од сето тоа, истото ќе го спречиме и жестокото ќе го критикуваме и ќе ја вратиме онаму каде што треба да работи, а тоа е програмата која што ја вети пред скопјани, а тоа е за модерно Скопје, рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ.

На прашањето дали претседателот Комисијата за надворешни работи и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски ќе закаже седница на оваа собраниска Комисија, Мицкоски рече дека партијата спроведува активна блокада во Парламентот, со исклучок на она што е во интерес на граѓаните.

– Не го гледам интересот на граѓаните во тие иницијативи кои се доставени таму. Тоа е чиста политика. Веднаш по формирањето на нова Влада која ќе предводи ВМРО ДПМЕ после предвремените парламентарни избори можеме да дискутираме за тоа што е целта и намената на „Отворен Балкан”, па да се позиционираме, бидејќи како политичка партија немаме буквално никаква информација за тоа, истакна Мицкоски во Прељубиште, каде присуствуваше на пуштање во употреба на нова детска градинка.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...

Неофицијално: Починатата девојка во Штип е ќерка на жената која лани уби човек во Кавадарци

Сеуште нема официјални информации за обдукцијата на 26-годишната девојка од Кавадараци, чие тело вчера беше пронајдено во куќа во близина на Градската црква...