26.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаМакедонијаСинот на Ѓорге Иванов правеше свадба: Архиепископот г.г Стефан во придружба на...

Синот на Ѓорге Иванов правеше свадба: Архиепископот г.г Стефан во придружба на 6 попа ги венчаваше младите !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Иван Иванов, синот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, вчеравечер правеше свадба со неговата сопруга Јана. Свадбата беше во познат скопски хотел. Оние кои биле, велат дека тоа била голема свадба со околу 600 гости.

<

Права македонска свадба. Но и комбинација од традиционална и модерна, со забавен дел од музиката. Имаше 600 гости меѓу кои и гости од странство“, раскажаа блиски на Иван за „Репортер“. Мк

Иван и Јана првиот танц го играле на песната Wonder Of You од Елвис Присли. А веселбата започнала со традиционалните изворни македонски песни. Бендот на Роки бил за почеток, а потоа свирел Алачки. Кулминацијата на свадбата била со настапот на браќата од „Некст тајм“ кои биле поканети како гости на Иван и не било планирано да запеат, велат блиски на младенците за „Репортер“.
Тие ни открија дека сепак кулминацијата била кога ги отпеале нивните песни „Ја излези Ѓурѓо“, „Кога падна на Пирина“, „Нешто ќе те питам бабо“ и „Најлеј, налеј“. Сите гости пееле како на концерт особено на „Нешто ќе те питам бабо“, кога Иван со кумот и деверот го развиорил знамето со сонцето од Кутлеш. На настапот им се придружила и Маја Иванова која пеела со нив.

Парот го венчаше архиепископот г.г Стефан во придружба на 6 попа, а во црквата имаше и хор“, велат блиски на младенците за венчавката на Иванов.

Фотосесијата Иван и Јана ја направиле во Музејот на современа уметност.
Освен традиција, не изостана и модерната музика, оти Иван свири на гитара и ја обожава рок музиката, па имал и свое шоу на сопствената свадба.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Битолчанец во казино претепал доктор, па потоа ја нападнал и полицијата !!!

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека...

Пожар ноќеска во Кочани-Сопственикот е родител на починат во Пулс.

Ноќеска во пожар изгореа автобуси на плац на излезот на Кочани веднаш до бензинската пумпа “Авто Петрол” кај Оризари, објави Гласно.мк. Засега не се познати...

Лишен од слобода мотоциклистот кој удри пешак во Скопје

Лишен од слобода мотоциклистот кој удри пешак во Скопје На 30.06.2025 околу 13.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Шар планина“ во Скопје...

Армиските „Хермелини“ и „БТР“ оклопните возила стануваат противпожарни

Во фабрика во близина на Кавадарци, се одвива интензивна пренамена на воени оклопни возила во противпожарни машини, во пресрет на сезоната на шумски пожари....