26.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаМакедонијаА ние ги мислевме дека се чесни: Кривична пријава за кумот на...

А ние ги мислевме дека се чесни: Кривична пријава за кумот на Ковачевски

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Кумот и екс бизнис партнер на премиерот Ковачевски, Горан Паунов е сомничен за лажно спроведен надзор за изградба на нови линии и одржување и реконструкција на постојна мрежа за улично осветлување во општина Гази Баба, објави „А1он“.

<

Паунов е еден од лицата осомничени во кривичната пријава за тендерот кој е реализиран минатата година во време на екс градоначалникот на СДСМ, Борис Георгиевски.

Дека институциите водат постапка, за „А1он“ потврдиле и од Гази Баба, од каде ни одговорија дека уште на почетокот на јануари, градоначалникот Бобан Стефкоски донел решение за формирање на Комисија за проверка на извршувањето на договорите со јавното осветлување во општината. Еден месец подоцна, во февруари, ги доставиле бараните информации до обвинителот Љубомир Јовески, Обвинителството за организиран криминал и корупција и Финансиската полиција.

Во моментот, кривичната пријава се наоѓа во Скопското јавно обвинителство. Од таму, за „А1он“ велат дека предметот е оформен по известување од општината до Обвинителството за организиран криминал, а кон него е споена и кривичната пријава од Управата за финансиска полиција од 4 мај 2022 година.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Лишен од слобода мотоциклистот кој удри пешак во Скопје

Лишен од слобода мотоциклистот кој удри пешак во Скопје На 30.06.2025 околу 13.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Шар планина“ во Скопје...

Армиските „Хермелини“ и „БТР“ оклопните возила стануваат противпожарни

Во фабрика во близина на Кавадарци, се одвива интензивна пренамена на воени оклопни возила во противпожарни машини, во пресрет на сезоната на шумски пожари....

Во пожар кај Кочани изгореа автобуси на плац

Според видеото кое се појави на дел од медиумите, синоќа избувна пожар на плац на излезот на Кочани, веднаш до бензинската пумпа „Авто Петрол”...

Менди Ќура официјално независен кандидат за градоначалник на Струга

Независниот кандидат за градоначалник на Струга г. Менди Ќура ја објави својата кандидатура. Со понижност и длабоко чувство на одговорност, денес стојам пред вас за...