21.7 C
Ohrid
понеделник, јули 14, 2025
ПочетнаМакедонијаАнгелов за „Цар Борис Трети“: Клубот во Охрид се отвора за да...

Ангелов за „Цар Борис Трети“: Клубот во Охрид се отвора за да биде оштетен или уништен – целта е да се продлабочи нетрпеливоста

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов смета дека отворањето на бугарскиот културен центар „Цар Борис Трети“ во Охрид е валкана провокација и предлага целосно да биде игнориран од јавноста и медиумите за да не се исполни целта на отварањето, а тоа е да биде оштетен или запален за да се зголеми нетрпеливоста.

<

Името на вториот бугарски “културен“ клуб во Охрид “Цар Борис Трети“ е кристално чиста, злонамерна провокација. Исто како и името на првиот клуб “Ванчо Михајлов“.

Исто како и првиот, и вториот клуб “Цар Борис Трети“ се отвора за да биде оштетен, запален или уништен со што би се продлабочила веќе загрижувачката нетрпеливост и омраза помеѓу Македонците и Бугарите.

Кому тоа му одговара? Зошто тоа некому би му одговарало? Кој е реалниот инспиратор на овој валкан напад врз односите помеѓу Македонија и Бугарија, помеѓу Македонците и Бугарите и индиректно помеѓу Македонците и Албанците? Особено сега кога Македонија е на почетокот на преговорите со ЕУ?

Затоа, како држава и како народ треба да покажеме мудрост и да не наседнеме и на оваа директна провокација чија цел е да се изнуди реакција од наша, македонска страна. Клубот ќе биде отворен, на отворањето ќе се “испосликаат“ неколкуте домашни, од неодамна “освестени Бугари“ со нивните гости од Бугарија и толку. Тешко дека по отворањето на клубот, некој друг ќе влезе во него. Затоа што во Македонија безмалку и да нема Бугари. Така велат резултатите од пописот (само 3.505 Бугари), така зборуваат и резултатите од гласањето на Бугарите од Македонија на парламентарните избори во Бугарија од пред неколку дена (650 гласачи).

Целта на инспираторите на овој валкан напад би била остварена само тогаш кога и клубот “Цар Борис Трети“ би бил оштетен, запален или уништен. Затоа, колку и да е тешко да се одолее на оваа силна и провокативна дразба сепак најдобар лек за неа е “целосен игнор“. Целосно игнонирање од граѓаните но и целосно игнорирање од медиумите. А државата час поскоро да воспостави легални механизми со кои ќе стопира отворање на клубови со имиња на неспорни фашисти, крвници на македонскиот народ и непријатели на човештвото.“, пишува Ангелов.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Ако беше лесно сигурно немаше да бидеме избрани од народот ние. (ВИДЕО)

Премиерот Мицкоски објави видео од него и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски од првата делница од долгоочекуваниот автопат Кичево – Охрид со...

Во 2027 година автопатот Кичево Охрид ќе биде целосно завршен и пуштен- За мецес дена ќе бидат пуштени уште 18км!!!

За околу месец и пол премиерот Христијан Мицкоски очекува во употреба да бидат пуштени уште 18 километри од автопатот Кичево- Охрид. Со нив и...

Голем пожар во Злокуќани: Зафатени шест куќи, 7 лица побарале лекарска помош!

Голем пожар избувна вчера вечер околу 20 часот во скопската населба Злокуќани, при што беа зафатени три куќи на улицата „Скупи“. Пожарот, кој првично започнал...

Жителите на Песочани, Ново Село, и Црвена Вода, прашуваат кога ќе се изградат пристапните патишта?

По вчерашното пуштање во употреба на дел од Автопатот Кичево-Охрид,делницата Врбјани-Ботун,по нивно барање денес остварив средба со група граѓани од населените места Песочани, Ново...