17.9 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонец со канцер на белите дробови легнат во кревет со месеци чека...

Македонец со канцер на белите дробови легнат во кревет со месеци чека снимка од магнетна резонанца

Пациент од Гевгелија со малигно заболување на белите дробови со месеци чека резултат од магнетна резонанца, објави телевизија СИТЕЛ во својата сторија.

Овој извештај е неоходен да покаже колку е напредната болеста и каква терапија му треба, но залудно неговата ќерка секоја недела доаѓа во Институтот за радиологија. Од 3-ти август досега вели дека секое доаѓање на шалтер го добива истиот одговор – дојдете наредната недела.

– Нема, доаѓам секоја недела. Татко ми е во Гевгелија и замислете оние да доаѓаат секоја недела овде да бацат шалтер. Тој веќе е во кревет, не прима ништо лекови, не знам што ќе биде, вели револтирано ќерка на пациент со малигно заболување.

Иако пациентите со малигни болести имаат приоритет, тоа не секогаш е така. Во овој случај тешко може да се зборува за рана и навремена дијагностика кога три месеци нема резултат од магнетна. Ако до пред извесно време имаше проблеми со прегледи и операции поради вирусот, сега постковид компликациите се новата криза која го пролонгира навременото лекување, тврди министерот за здравство.

-Одложена дијагнпстика, чекање на резултати се е тоа поради постковид кризата, вели Беким Сали, министер за здравство.

За пациентите кои сега ја пропуштаат раната дијагностика решение нема, но проблемот според министерот за здравство ќе биде надминат со теле- радиологија. Најавува дека од јануари резултати од магнетна ќе читаат сите соодветни кадри низ државата и нема да има толкави листи на чекање. Но што дотогаш????, се вели во сторијата на СИТЕЛ телевизија на новинарката Сања Димитровска.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Артан Груби не зел ливче за претседателските избори..

Вицепремиерот Артан Груби на својот фејсбук-профил се вклучи во живо во моментот на пристигнување на избирачкото место во ООУ „Петар Здравковски Пенко“ во скопски...

За победа во вториот круг избори за претседател потребни 362.864 гласови, a за успешност на изборите треба да излезат 725.727 гласачи

Во земјава денеска се одржува вториот круг од претседателските избори, на кои 1.814.317 граѓани со право глас ќе можат да се определат за еден...

Технички проблем: Со УВ ламба и спреј ќе продолжи гласањето на избирачки места во Кочани, Охрид и Куманово

На едно избирачко место во Кочани, едно во Охрид и едно во Куманово, каде што утрово беа пријавени технички проблеми со биометриските уреди, гласањето...

МПЦ – ОА со повик за изборите: Да го искористиме дарот од Бога и масовно да излеземе на гласање

На денот на изборите Македонската православна црква Охридска архиепископија упати повик за изборите во кој се бара граѓаните и верниците да го искористат дарот...