14.1 C
Ohrid
среда, јули 9, 2025
ПочетнаМакедонијаРустеми за денес најави пуштање на трасата од Охрид до Требеништа

Рустеми за денес најави пуштање на трасата од Охрид до Требеништа

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

По два месеци доцнење за денес директорот на Агенцијата за државни патишта Ејуп Рустеми најави пуштање на трасата од Охрид до Требеништа од автопатот во изградба. Доцнењето како што рече пред една недела се должи на времето и административни проблеми.

<

Имавме административни проблеми кои ги решивме и следниот понеделник целосно ќе биде пуштен во употреба патниот правец Требеништа – Охрид. Причина за пролонгирањето се и временските прилики кои не беа поволни изминатиот период. Дополнително завршивме шеесеттина инфраструктурни проекти со што го ослободивме автопатот од нерешените прашања и создадени се сите услови овој значаен инфраструктурен проект да биде завршен во предвидениот рок до 2023 година. – изјави Рустеми.

Инаку, проектот на две влади ја доживува осмата година на изградба која стартуваше во 2014 година. Според првиот договор, изградбата на автопатот требаше да биде завршена во 2018 година, но по промената на власта со Анекс на Договорот, рокот беше пролонгиран за 30 јуни 2021 година, со образложение дека имало пропусти во проектирањето. Крајниот рок е повторно пролонгиран, овој пат до крајот на 2023 година.

OhridNew

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Чудо спречи трагедија: Цистерна за малку ќе завршеше во Брегалница кај градинката Астибо во Штип!

Чудо спречи трагедија: Цистерна за малку ќе завршеше во Брегалница кај градинката Астибо во Штип! Тешко возило – цистерна полна со гориво - за малку...

Тешка сообраќајна несреќа кај селото Оровник– едно лице загинато !!!

Ужасна сообраќајна несреќа се случи вечерва на влезот во Охрид, близу Аеродромот односно селото Оровник. Според првичните неофицијални информации, има едно загинато лице. Интервенираше противпожарна...

ХЕРОЈ! Скопски пожарникар 48 часа без прекин се бори со огнот!

Скопскит епожарникари со денови постојано вложуваат максимални напори за справување со пожарите на неколку локации во периферијата на градот. Според последното соопштение на ЦУК на...

Вознемерувачко: Детенце од Македонија врзано со јаже на рацете и вратот бидеќи украло пари од продавница !!!!

Сцена што не смее да се повтори – бурни реакции по видео со вербално и психичко малтретирање врз дете На социјалните мрежи кружи вознемирувачко видео...