-1.1 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаИНТЕРВЈУ ТРИФУН КОСТОВСКИ: Власта е вмешана во криминалот, Максим Димитриевски е зрно...

ИНТЕРВЈУ ТРИФУН КОСТОВСКИ: Власта е вмешана во криминалот, Максим Димитриевски е зрно надеж за државата

spot_img

Разговараше: м-р Слободан ТОМИЌ

Еуростандард банка беше однесена во стечај по налог на сивите еминенции кои владеат во Република Македонија, вели Трифун Костовски во ексклузивно интервју. Тврди дека соучесник во стечајот на Еуростандард банка е и актуелната власт која недвосмислено како што вели е логистички дел на организираниот криминал во Македонија. Повеќе од две години откако банката отиде во стечај се уште нема јавнообвинителска одлука. Костовски е меѓу осомничените и е револтиран затоа што како што вели, правдата е заобиколена. Ќе ја барал додека е жив. Сега жали што парите кои ги спечалил ги донел во Македонија. Тој е поранешен градоначалник на град Скопје, а во интервјуто зборува за неговиот претходник, либералот Ристо Пенов, кој сега е предложен за министер за локална самоуправа. Костовски вели дека единствена надеж во оваа држава му е политичкиот ангажман на актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски.

Господине Костовски во август годинава,а две години откако Еуростандард банка отиде во стечај, вие објавивте Извештај, од како што рековте, независната истрага за случајот. Што се случи од тој ден летоска до сега? Што се промени?

Костовски: Прво сакам да обзнанам дека објавениот извештај на прес конференцијата од 22 август е финансиран од моја страна само со една цел, да излезе вистината на виделина. Најмалку се поштедив себе си што би кажале луѓето со овој извештај самиот си пукав во глава. Целта ми беше да јавноста се соочи со реалноста. За жал институциите за прогон во Република Македонија и натаму молчат како да ништо не се случило, иако самиот извештај нуди многу материјал, доколку надлежните институции сакаат да се зафатат со борба против криминалот и корупцијата.

Дали некоја од надлежните институции ви го побараа овој извештај? ОЈО се изјасни дека тоа е единствено кое може да постапува. Кои се вашите сознанија во врска со работата на ОЈО за случајов? Се уште не е донесена јавнообвинителска одлука, а се испитуваат одговорните во банката кои според нив ги повредиле одредбите на Законот за банки и го влошиле ризикот за банката.

Костовски: Извештајот и натаму е достапен за секој поединец и институција, вклучително и ОЈО, Финансова полиција и Мнстерството за внатрешни работи. Истрагата што ја води Основното Јавно Обвинителство е се уште незавршена иако се истечени сите рокови во кои истрагата требаше да биде завршена.

Кој што криел во Еуростандард банка? Вие посочувате дека шемата ја правеле и други банки? Што всушност се случувало? Зошто не сте алармирале порано? Како се правело без знаење на акционерите?

Костовски: Повторувам дека Еуростандард банка беше однесена во стечај по налог на сивите еминенции кои владеат во Република Македонија. Се прашувате зошто? Одговорот е следен: ние, акционерите во банката решивме Еуростандард банка да ја извадиме надвор од пајажината на недозволени банкарски трансакции кои и денеска се практикуваат во Република Македонија. За ова да го сториме именувавме нов Управен одбор и поставивме нови луѓе на челни места во самата дирекција. На 6 месеци пред стечајот ја докапитализиравме банката со нови 13 милиони евра свеж капитал. Присилната наплата за одлеаните средства која интензивно ја применувавме ги исплаши креаторите на овој криминал, бидејќи ќе дојдевме до крајните корисници на овие средства. Соучесник во стечајот на Еуростандард банка е и актуелната власт која недвосмислено е логистички дел на организираниот криминал во Македонија.

Очекувате ли некаква промена, каде ќе ја барате правдата?

Костовски: Срамот да биде поголем, во стечајната маса се појавија многу повеќе пари отколку што се обврските према физички и правни лица. Правдата ќе ја барам додека очите ми гледаат, вклучително во Македаонија и низ арбитражите во светот. Жално е што како Македонец образован и стекнат со знаење и искуство спечалив пари надвор од Македонија, ги донесов и вложив спечалените пари во Македонија и мојата Македонија ме ограби. Ова е поразителен факт што многу ме боли.

Македонија го одбележува денот на вооруженото востание 11 октомври, од друга страна власта на СДСМ и на ДУИ, дадоа дозвола за отворање бугарски клуб регистриран по името на Цар Борис Трети или озогласен фашист и пријател на Хитлер?!

Костовски: Нека ни е честит 11 Октомври, денот кога македонските партизани решија да се спротистават на бугарскиот окупатор. Тоа се случи токму на овој ден во 1941 година во Прилеп и Куманово. Денешна Македонија во многу им должи на партизаните кои за жал денес не се баш многу омилени. Вистината е една, единствено КПЈУ во 1941 година ни понуди нам, Македонците самостојна држава, а ние Македонците како конститутивен народ. Никој од нашите соседи ни нема такво нешто понудено, туку напротив од петтни жили се мачат како час поскоро да не асимилираат. Новоотворениот клуб Цар Борис 3, јас го доживувам само како провокацоија од страна на Бугарија. Идентична беше провокацијата со отварањето на клубот Ванчо Михајлов во Битола и во Богданци, Цар Фердинанд. Бугарската држава и историја имајќи толку силни и еминентни личности најдоа да ги именуваат своите клубови низ Македонија со имиња кои се во основа најголеми непријатели на нас, Македонците. Недвосмислено во Втората светска војна, Бугарија беше окупатор во денешна Македонија. Потпишаниот договор за пријателство меѓу Република Македонија и Бугарија е чин кој ние Македонците не го одобривме, туку останатите етнички заедници кои живеат со нас во Република Македонија. Бугарија како никогаш досега од историски пријател се претвори како најголем непријател на нас Македонците.

Како ја дефинирате фактичката ситуација во Македонија и нејзината „окупирсност“ и поробеност од секоја актуелна власт? Бугарскиот октроиран документ и натаму ни виси над главата како Дамоклов меч.

Костовски: Потребно е ресетирање на целиот систем во Република Македонија, бидејќи за само три децении ние, Македонците во континуитет го губиме самото право во нашата Македонија. Да појаснам во 1991 година Република Македонија беше прогласена за држава со Македонците како конститутивен народ. Со војната од 2001 година и имплементирањето на Охридскиот договор во Уставот на Република Македонија, ние, Македонците ја изгубивме конститутивноста , ја прогласивме Македонија за мултиетничка, а ние Македонците станавме еден од етникумите, иако процентуално сме повеќе од 60 отсто од вкупната популација во Македонија. Со Преспанскиот договор меѓу Република Македонија и Република Грција, станавме северно-македонци и со избришана историја до 1941 година. Јас како колекционер на антиквитети, исклучиво пронајдени на денешната територија на Мкаедонија, кои во голем дел датираат од Античка Македонија, денес немам право да кажам дека се тие мои и дека ја претставуваат мојата историја, бидејќи Античката историја во Македонија денеска е дадена во наследство на Грција.

Последниот удар на нас Македонците ни го зададоа нашите Бугари, кои ги нема многу во Македонија, ама се силно подржани од нивната матична држава Бугарија. Тие не не признаваат како нација со јазик, култура, традиција и историја. Токму од овие причини, ако ние Македонците сакаме Македонија да си ја сочуваме, мораме да најдеме начин да ја ресетираме, не со војни туку со мудра и силна волја да опстоиме на нашите огништа.

Во политиката влеговте за, разлика од некои ваши колеги политичари со капитал и со бизнис искуство, од друга страна многу политичари влегоа како „голтари“, а излегоа грофови. За злоупотребата на функцијата политичар може доста да се дискутира…

Костовски: Во политиката влегов сакајќи да и дадам на Македонија. Јас, согласно моите можности давав, давам и ќе давам на мојата Македонија со се што е вградено во мене како личност. Важам за најголем донатор во Република Македонија во сите области на нашето живеење. Бев Градоначалник од 2005-2009 година на Град Скопје, бев Градоначалник волонтер, а тоа значи сите издатоци кои ги имав за време на мојот мандат ги плаќав од сопствен џеп. Да појаснам: не земав плата, не земав дневници, користев сопствено возило, со сопствен возач и целосно покривање на трошоците за возилото од моја страна, си ги плаќав сите авионски карти и хотелски сметки од сопствен џеп и што е најважно како домаќин го водев Градот Скопје. Претпоставувам дека важам за единствен Градоначалник во Република Македонија кој наследи дупка во буџетот на Град Скопје, а со моето заминување оставив во готово ¼ од целогупниот годишен буџет на Град Скопје. Овие средства кои ги оставив беа наменети да се отпочне проектот трамвај кој денес представува насушна потреба на нас скопјаните. Сето понапред искажано е веродостојно. Сакав да покажам како се сака својот град и својата држава.

Вашиот колега кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски предлага нова, партија, односно движење „За наша Македонија.

Костовски: Максим Димитриевски во овие тешки политички времиња во Република Македонија претставува зрнце надеж дека работите во Македонија и може ќе се сменат. Сакам да го видам неговиот проект како политичка партија и доколку истиот одговара на нас, Македонците и Македонија, ќе ја има мојата целосна поддршка.

Ваш коментар за предвремени парламентарни избори. Дали се единствен излез од ќорсокакот во кој се наоѓа Македонија?

Костовски: Во врска со предвремени парламентарни избори мојот став е предвремени парламентарни избори Да, меѓутоа пред ниваната реализација мора да се измени Изборниот законик каде Македонија ќе биде една изборна единица со слободни листи на пратеници. Без оваа измена ќе се вртиме само во круг, полека ама сигурно Македонија ќе ја донесеме до ситуација да не биде претпознатлива како самостојна држава.

Поборници сме за нулта корупција, нулта партизација и чесност и честитост на секој политичар. А во Македонија имаме правило – „дојди, дрпни, дувни“. За жал постои неказнивост кон политичарите во овие 31 година дури до таа ситуација кај политичките партии на македонските албански партии немаме ниту еден обвинет, или осуден. На што се должи тоа?!

Костовски: Организираниот криминал и корупција владеат во Македонија. За денешна Македонија важи правилото дека криминалот и криминалците во Македонија си имаат своја држава. Недвосмислено во изминатиот три децениски период, истакнати членови од ДУИ никојпат не се соочиле со лицето на правдата. Дали тоа се должи на нивна професионалност или пак нешто друго тоа само по себе е голема загатка. Две полни децении партијата ДУИ е во Владите на Република Македонија, а Македонија и понатаму е на врвот во светот по орагнизиран криминал и корупција по Транспаренси Интернешнл. Од овој факт може да извлечеме заклучоци дека токму во партиите на власт корупцијата е најмногу застапена, ама ги поседуваат сите полуги во системот за нивно покривање.

Не можам, а да не го спомнам и вашиот претходник Ристо Пенов за кој како што велите во интервју наследивте колега „дупка“. Денес истиот Пенов е предложен за министер за локална самоуправа.

Не можам, а да не го спомнам и вашиот претходник Ристо Пенов за кој како што велите во интервју наследивте колега „дупка“. Денес истиот Пенов е предложен за министер за локална самоуправа.

 

Костовски: Повторното појавување на господинот Пенов како кандидат за Министер на локалната самоуправа во Владата на Ковачевски , е загатка сама по себе. Господинот Пенов беше Градоначалник на Град Скопје во два мандати каде ја имаше мојата поддршка во разубавувањето на Градот Скопје и каде лично со сопствени средства ја разубавив Водњанска со канделабри и жардињери. Со исто такви жардињери му помогнав во разубавување на зелениот појас пред Владата на РМ и пред Македонски пошти. Исто така го возобновив стариот кеј на Вардар веднаш до Трговскиот центар со канделабри и урбана опрема, меѓу кои клупите беа во најголем број.

 Заменувајќи го господинот Пенов на функцијата Градоначалник се соочив со огромен долг кој изнсуваше 24 милиони евра, а буџетот на градот беше 28 милиони евра. Од неговото професионално работење затекнав многу отпочнати проекти ама далеку од завршување, односно народски кажано „како кокошка на буниште. Ниту сакав, ниту можев да се занимавам со работењето на Господинот Пенов, мојата основна задача беше да го расчистам буништето што го сторив во првите две години, стабилизирајќи ја финансиската состојба на градот и завршувајќи ги отпочнатите проекти. Почуствував многу чудни работи кои се случувале во времето на Пенов, а ќе се прашате зошто се чудни? Јас успеав од доверителите на Град Скопје, читајте доверители на Пенов, да симнам 4 милиони евра нивно побарување со цел да се продолжи нашата соработка. Ако мене како нов Градоначалник кој го победил Пенов ми отпишале 4 милиони евра, тогаш секој паметен човек ќе се праша каков домаќин бил Пенов? Како Градоначалник јас не бев орган на прогонот, бидејќи сум убеден имаше многу материјал за негово гонење, ама политичарите од власт и опозиција секојпат умееат да се договорат како да си ги чуваат сопствените интереси. Со доаѓање на Господинот Пенов како Министер на локалната управа, Господинот Ковачевски ја покажува својата агонија. Господинот Пенов беше градоначалник пред отпочнувањето на децентрализацијата која почна токму за време на мојот мандат. Не очекувам ништо од него.

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...