14.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонијаСтигна ново бугарско барање: Додека Македонија го слави 11 Октомври нема ЕУ!

Стигна ново бугарско барање: Додека Македонија го слави 11 Октомври нема ЕУ!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Додека денеска Македонија го славеше Денот на народното востание, пристигна уште едно шокантно барање од бугарската фондација „Македонија“ која е активна низ цела Македонија.

<

Имено, од фондацијата порачаа дека Македонија нема да стане членка се додека го слави 11-ти Октомври како официјален празник- Пишува Фокус

И мешовитата историска комисија ќе стигне до овој период и ќе покаже дека 11 Октомври е криминално дело на 20 лица, чија жртва беше внукот на Дамјан Груев – Петар Дамев! Срамота и гнасотија е 80 години да се лаже цело општество, дека криминалното дејствие на 20 луѓе е „манифестација“ на „македонската волја за слобода“… Срам на кој наскоро ќе биде ставен крај!“, најавуваат од фондацијата чиј претседател Виктор Стојанов во Бугарија го сметаат за борец за правата на Бугарите.

Тој лани ја основа фондацијата „Македонија“ која е регистрирана во Бугарија, но најголем дел од активностите и се насочени во Македонија.

„Фондацијата Македонија е бугарска културна и образовна организација, основана во април 2021 година од Бугари од Бугарија, Македонија, Албанија и светот со една цел – населението на Република Бугарија и Република Северна Македонија да биде едно општество во две земји“, стои на сајтот на фондацијата.

Денеска од фондацијата се надополнија на претходното барање за забрана на 11 Октомври и порачаа дека народно востание всушност немало, туку тоа било кривично дело.

На денешниот официјален „празник“ во Северна Македонија, посакуваме да им порачаме на Македонците: немало народно востание на 11 октомври 1941 година. Ве лажат. Станува збор за кривично дело на 20 герилци од Тито кои што се фатени од полицијата во Прилеп за неколку часови. Овој „празник“ раѓа омраза кон Бугарите во Северна Македонија и Скопје не може да стане членка на ЕУ додека го „слави“ денешниот датум!

Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Арсовска му возрврати на пратрникот Ковачев: Имам чешки пасош, бугарски немам !!!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска во гостување во „Тешки муабети го демантира европратеникот Андреј Ковачев кој објави дека наводно Арсовска е бугарски...

Видео: Семејствата на загинатите го исвиркаа кочанскиот градоначалник, тој го откажа најавениот концерт

Вршителот на должноста градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, вечерва се појави пред семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, кои одржаа протест, гневни...

После лавината реакции, Кочани се откажа од прославата по повод празникот Петровден.

Почитувани сограѓани, Животот продолжува, но трагедијата во дискотеката „Пулс“ нè остави во заложништво на болката, особено за родителите кои живеат со страв и загуба. Откажувањето на...

Андреј Ковачев: „Нападот врз Арсовска е напад врз бугарски државјанин“

Европратеникот Андреј Ковачев го осуди инцидентот со скопската градоначалничка Данела Арсовска, нарекувајќи го „уште една загрижувачка атак врз бугарски државјанин во Северна Македонија“. Сериозно сум...