23.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаКовачевски: Me критикуваат ''неработниците'', а јас имам работено во фабрика и горд...

Ковачевски: Me критикуваат ”неработниците”, а јас имам работено во фабрика и горд сум на тоа…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Премиерот Димитар Ковачевски денеска истакна дека е човек кој што 22 години својата кариера ја градел во приватниот сектор.

<

-Почнав исто како вас како вработен кој што мораше секое утро да дојде на работа, да обезбеди вредност за компанијата, но и да обезбеди даноци кои што ќе бидат платени на државата, да обезбеди добивка за компанијата, од која ќе се плати данок на добивка и од која што подоцна се финансираат функциите на државата.

Сите вие пратите медиуми и ќе видите дека десет дена за мене се зборува дека сум работел во фабрики. Јас сум горд што сум работел во фабрика. Знам што значи загревање на ваков погон и како се организира производство.

Ме критикуваат луѓе кои што никогаш во животот не кренале нешто потешко од спојувалка и за тоа кревање, им го плаќаат оние како вас и како мене што работат, креираат вредност и плаќаат даноци, рече меѓу другото Ковачевски на денешното официјално отворање на канадската компанија „Магна Мирорс“ во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга.
Извор: Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...