15.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаАпасиев ќе го пријави Џафери зашто му ја објави домашната адреса

Апасиев ќе го пријави Џафери зашто му ја објави домашната адреса

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев ќе го пријави претседателот на Собранието, Талат Џафери бидејќи објавил негови лични податоци, односно неговата домашна адреса.

<

Од Левица за „Фокус“ објаснуваат дека тоа се случило при испраќањето на известувањето за одлуката за враќање на иницијативата за референдум, кое Џафери го проследи и до медиумите.

Претседателот на Собранието, Џафери до медиумите на писменото известување во врска со поднесената иницијатива за референдум, објави и лични податоци за подносителот Димитар Апасиев – од негова страна ќе биде поднесено правно средство за утврдување на повреда до Агенцијата за заштита на лични податоци, велат од Левица за „Фокус“.

Во известувањето за иницијативата за референдумот упатено до Апасиев, а кое Џафери го објави и јавно, стои и домашната адреса на лидерот на Левица. Домашната адреса се смета за личен податок.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...