16.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаСветКандидат за конгресмен во САД сними порно за да го привлече вниманието...

Кандидат за конгресмен во САД сними порно за да го привлече вниманието на гласачите

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На изборите за конгресмен од Менхетен, на пат да победи е кандидатот на Демократската партија. Неговиот ривал, независниот кандидат Мајк Иткис, прибегна кон радикален потег за да го привлече вниманието на гласачите: сними порно филм. Се молат локалните политичари да не помислуваат на истото, оти тие, уште порното ни го немаат огадено.

<

„Неженет. Без деца. Не е во целибат. Атеист“. Вака се идентификува 53 годишниот армиски офицер за сајбер операции кој најверојатно ќе изгуби од демократскиот противкандидат Џери Надлер во 12-от конгресен дистрикт на Менхетен.

 

Последна надеж му е 13 минутниот филм кој деновиве  го постираше на популарна порно платформа во кој има секс со порно работничката Никол Сејџ.

Сака да го сврти вниманието на една од негови главни предизборни пораки, за легализација на сексуалните услуги и експлицитно озаконување на сексуалните права.

„Ако само зборував на оваа тема, немаше да ја покажам мојата посветеност,“ вели Иткис кој освен за ова, се залага и за тоа „мажите да не мора да ги поддржуваат биолошките деца ако за тоа нема претходен договор.“

Иткис и лани има снимено порно филм но вели дека не е егзибиционист, напротив, бил интроверт.

Неговиот предизборен потег наиде на разбирање кај кандидатот на Републиканците.

„Што мора да се направи, мора да се направи. Во овој град медиумите игнорираат секого кој не е од редовите на Демократската партија,“ коментираше републиканецот Мајк Зумблускас.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...