21.1 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаМакедонијаПо Нова Година можно е лебот да поефтини лебот во Македонија..

По Нова Година можно е лебот да поефтини лебот во Македонија..

Дали со најавените нови мерки за поевтина струја ќе се намали и цената на лебот? Дел од производителите велат дека очекуваат најнапред стабилизација на цената, па дури потоа поевтинување на лебот и пекарските производи…
Поевтинувањето на лебот е можно по нова година. Со новите мерки кои се најавуваат за поевтина струја од први декември за дел од производителите на храна маѓу кои е и мелничко пекарската индустрија се очекува најнапред стабилизација на цената па дури потоа е можно поевтинување на лебот и пекарските производи. Ова е ставот на претставниците на двете најголеми стопански комори. Според агро комората при ССК за да има реално поефтинување потребно е проектвност од владата, заедно со коморите да се носат мерките за полесно да се надмине кризата и вклучување на стоковите резерви за да се намали влијанието на светските берзи каде цените постојано растат.

Иако офоцијалните проценки за годинешната жетва се околу 250 илјади тони а потребите се околу 330 илјади тони сепак дел од пченицата не се предава во млиновите и голем дел од потребите повторно ќе се увезуваат а цената ќе ја одредува берзата каде веќе цената од 18 денари колку што беше во периодот на жетва достигна близу 22 денари за килограм.

Ако владата овозможи мелниците и пекарската индустрија да добијат струја по цена од 80 до 100 евра за мегават-час, за што веќе неколку недели преговараме, тогаш сигурно во декември цените на брашното и лебот ќе се стабилизираат, а веќе од следната година може да се очекува нивно намалување за 10%. Се разбира ова важи, ако во меѓувреме репроматеријалите не поскапат. Засега кај репроматеријалите нема промени на цените. Сепак, дали ќе биде намалувањето на цените 10 или повеќе отсто одлучуваат компаниите зависно од своите трошоци и финансиските можности и од цената на струјата која ќе биде фиксирана од владата -вели Горан Малишиќ од Здружението на мелничко пекарска индустрија при Стопанската комора.

Ова е трет обид со владина мерка да се намалат цените на основните прехрамеби производи. Прво се одеше на замрзнување на цените, потоа и на ограничувањето на маржите кои граѓаните реално не ги почувствуваа заради постојанито раст на цените во малопродажбата. Од друга страна со оваа мерка се предвидува да бидат опфатени околу 150 компании на што реагираат помалите производители на храна кои сметаат дека ќе бидат оставени на цедило- Пишува Канал 5 Телевизија.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сефиданис го промовираше „Алшар”, првиот робот диџеј направен во Охрид.

Сефиданис го промовираше „Алшар”, првиот робот диџеј!!! По повод денот на независноста на Македонија, друштвото за истражување и развој Сефиданис, во клубот Ребел во Охрид...

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...