13.5 C
Ohrid
вторник, септември 16, 2025
HomeМакедонијаБајрам дома ја издржа затворската казна за тепањето на келнерот !!!!

Бајрам дома ја издржа затворската казна за тепањето на келнерот !!!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Габриел Бајрам советникот во Град Скопје и син на починатиот пратеник Амди Бајрам, од недела е слободен граѓанин. На 29 октомври годинава му истекува издржувањето на затворската казна од 3 месеци за насилство. Бајрам призна вина за тепањето на шанкерот и кршењето на инвентарот во угостителскиот објект Аквадукт на булеварот „Словенија” во Скопје. Кривичната пријава за Бајрам беше поднесена откако на семејна веселба во угостителски објект во Скопје, заедно со неговиот син, повреди еден од вработените и го кршеше инвентарот во објектот.

<

Бајрам беше во притвор во Истражниот затвор во Шутка, а останатиот дел го издржа во куќен притвор во неговиот дом. Додека беше во куќен притвор доби дозвола да излезе за семејна веселба, односно за свадбата на неговиот син.

Во изречената казна од 3 месеци за насилство му се засметува и времето поминато во притвор и куќен притвор, што значи дека ако второстепениот, односно Апелацискиот суд не направи измени во одлуката, казната тој ја издржал дома.

Лицето за кое прашувате е во притвор па потоа и куќен притвор, по предлог на Основното јавно обвинителство од 29.07.2022 година, се до правосилност на пресудата но не подолго од 29.10.2022 година. Исто како и што претходно ги информиравме медиумите кои се интересираа на темата, на тогаш обвинетото лице му беше издадена дозвола за времено одалечување од местото каде ја отслужува мерката куќен притвор од семејни причини“, стои во одговорот испратен од Основниот кривичен суд Скопје до МКД.мк.

Бајрам, советникот во Град Скопје ќе остане да работи на истото работно место. Неговата казна од 3 месеци затвор за насилство нема да влијае на отстранување од советничкото место, бидејќи Законот за локална самоуправа предвидува престанок на функцијата само ако затворската казна е над 6 месеци.. Пишува МКД.МК

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Влен”: Украдениот имот ќе им се врати на граѓаните

„Со одлуката на Владата, еден од лидерите на Вреди, вицепремиерот Арбен Фетаи, е назначен на чело на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација...

Во Албанија е регистрирано ново здружение „ВМРО-ДПМНЕ -Албанија“

ВМРО-ДПМНЕ- Албанија“ е ново здружение на Македонците, откако и официјално е регистрирано во судскиот регистар во Тирана. Ова не е само формалност – ова е...

Херојството на Стојанче Ангелов

Може да мислите што сакате за Стојанче Ангелов, но, ова се неколку факти кои никој не може да ги оспори, напиша Златев на неговиот...

Министерство за здравство: Ќе се поделат 2.000 заштитни маски на жителите во Трубарево

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското...