4.9 C
Ohrid
сабота, февруари 8, 2025
ПочетнаМакедонијаУште малку Македонија ќе биде држава без народ

Уште малку Македонија ќе биде држава без народ

spot_img

Во 2000 година во Македонија се родиле 26.168 деца. Истата година починале 17.085 луѓе, што значи дека во таа година природниот прираст бил 9.083. Поразителен демографски податок е тоа што се случило со природниот прираст во наредните две децении, анализира Пари. Бројот на умрените постојано растел, а бројот на родените се намалувал.

<

Кулминација се случила со 2020 година како пандемиска, кога се регистрирани дури 25.755 умрени, а истата година се родиле 19.031 деца, со што е остварен негативен природен прираст, односно бројот на умрените е поголем од бројот на родените за 6.724! Но, дури и да ја изземеме оваа пандемиска година, се соочуваме со лош демографски тренд. Имено, негативниот природен прираст за првпат е забележан во 2019 година кога се родиле 19.845 деца, а починале 20.446 македонски жители, односно природниот прираст бил во негатива за 601 жител.

Кога се намалува бројот на родени деца, постепено се намалува најважниот потенцијал во едно општество и во една економија – човечкиот потенцијал. Истовремено, природата го прави своето со старото население и, колку и да звучи сурово, со тоа се намалува притисокот врз пензискиот фонд. Со намалениот број на новородени, се намалува и работната сила која треба да е носител и на тековната економска активност во една земја, но и алиментирањето на даночниот систем, па со тоа и на пензискиот фонд. Згора на тоа, состојбата станува уште покомпликувана со иселувањето на младите луѓе.

Статистичките податоци покажуваат дека стапката на фертилитет во 2020 година била 1,31 живородени деца на една жена. Значи, веќе ретко кој се одлучува на второ дете, со што постои голема веројатност дека негативниот демографски тренд ќе продолжи и во иднина, особено ако се земе предвид фактот дека бракот се склучува во повозрасните години. Истовремено, ДЗС регистрира и значително намалување на стапката на склучување на брак. Така, ако во 2008 година сме имале склучено 7,2 брака на 1.000 жители, во 2020 година имало 5 склучени брака на 1.000 жители.

МАШКИ ДЕЦА СЕ РАЃААТ ПОВЕЌЕ, И МАЖИ УМИРААТ ПОВЕЌЕ

Во изминативе 20 години статистичките податоци покажуваат дека бројот на родените машки деца постојано е поголем од родените женски деца.

Во однос на смртноста, исто така, таа е постојано поголема кај мажите отколку кај жените.

ПОЧИНАТИ

Целата анализа е достапна на следниот линк: https://pari.com.mk/retko-se-ragja-vtoro-dete-naselenieto-se-topi/

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Таткото на Васил: Не сме богата фамилија ниту пак влијателна,изразувајќи сочувство на семејството на Фросина.

Семејството на обвинетиот Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“, денеска изрази сочувство до семејството на Фросина. Тие, заедно со бранителот...

Васил Јованов осуден 3 години и 10 месеци затвор за дрогата

Возачот Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулаков oсуден е на три години и десет месеци затвор за дрогата со која бил фатен пред...

Општина Дебрца, во соработка со ЈПКД-Дебрца, започнаа со реализација на проектот за поставување на нов водоводен крак во селото Сливово.

Општина Дебрца, во соработка со ЈПКД-Дебрца, започнаа со реализација на проектот за поставување на нов водоводен крак во должина од 600 метри во село...

Последната објава на Игор Југ посветена на ќерка му: Животот ти помина со татко во затвор, а тоа го чека и твојот брат кој...

На 54-годишна возраст почина Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“. Тој на социјалните мрежи споделил статус преку кој и го честита роденденот...