13.9 C
Ohrid
петок, април 25, 2025
ПочетнаМакедонијаДокторите во Македонија ќе ги лечат ранливите семејства со уреди за телемедицина

Докторите во Македонија ќе ги лечат ранливите семејства со уреди за телемедицина

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ранливите семејства во земјава ќе бидат лекувани со уреди за телемедицина од лекари кои се обучени за давање телемедицински услуги, соопшти УСАИД. Пилот-иницијативата започна денеска, откако УНИЦЕФ и УСАИД обезбедија педесетина уреди за следење на здравјето од далечина кои ќе им овозможат на лекарите да вршат физички прегледи од далечина- Пишува Сдк.Мк

<

Лекарите со помош на уредите за следење ќе можат да вршат физички прегледи на пациентите од далечина за да дијагностицираат акутни состојби како што се ушни инфекции, воспалено грло, треска, настинка и грип, алергии, стомачни проблеми, инфекции на горните дишни патишта и осипи. Една од клучните предности, како што се наведува, е следењето на хроничните состојби кај најранливите и контрола и следење на пациентите по спроведените процедури, вклучувајќи го и ковид-19.

„Иницијативата има за цел да обезбеди алтернативи на традиционалните здравствени консултации лице в лице во случаите кога физичкото присуство не е можно или не е потребно и да го зголеми правичниот пристап до здравствените услуги“, вели УНИЦЕФ.

Од УНИЦЕФ посочуваат дека лекарите во земјата се служат со телефон или видео-конференции за да обезбедат телемедицински услуги, но тоа е ограничено на испитување и дијагностицирање на пациентот, без предноста што ја дава физичкиот преглед.

„Новите уреди за далечинско следење сега ќе им овозможат на лекарите да направат преглед на срцето и белите дробови на пациентот со висококвалитетни дигитални звуци; на ушите, грлото и кожата со висококвалитетни дигитални слики и видео; и да го измерат отчукувањето на срцето и телесната температура. Иновативниот и сеопфатниот пристап со уредите за далечинско следење, од закажување и виртуелна посета до план за здравствена заштита, не е само заштеда на време, туку и заштита од стрес, и се смета дека семејствата ќе се заштитат од финансиските трошоци за патување и од чекањето во здравствени установи. Овој пристап може да помогне да се спречи непотребното упатување на пациентите помеѓу различните нивоа на здравствени услуги и да се намалат прегледите со физичко присуство, што е од голема важност за пациентите за кои честото движење претставува товар и ризик“, соопшти УНИЦЕФ.

Околу 150 матични лекари учествуваа на работилниците фокусирани на три главни области: клучните принципи на телемедицината, развој на вештини за делотворна комуникација со пациентите од далечина и практична употреба на модулот за телемедицина преку државниот електронски систем Мој термин. До крајот на годината се очекува 70 отсто од матичните лекари да ги изградат своите капацитети за давање телемедицински услуги на децата и нивните семејства.

Б. НЕСТОРОСКА СДК.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кумановска компанија донираше амбулантско возило за болницата во Куманово !!

Општа болница Куманово денеска доби донација, едно амбулантно возило од кумановска компанија. На примопредавањето на донацијата присуствуваше Министерот за здравство Арбен Таравари. Министерот кажа дека...

Спикерот Гаши се „зачлени“ во библиотека

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска повторно се „зачлени“ во библиотеката „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Ова следуваше по топлиот пречек при посетата на оваа...

Симона Стојкова се огласи на Фејсбук: Објавата е лажна, не сум исчезната!

Симона Стојкова – жената по која цела држава трагаше, воопшто не ни била пријавена за исчезната во полициска станица. Таа ноќеска се огласи на својот...

Исчезнувањето на Симона не е пријавено во МВР!

Дали Симона, поради чие наводно исчезнување се крена земјата на нозе, навистина е исчезната? Официјално, барем до сега, никој не пријавил исчезнување на лице...