14.9 C
Ohrid
петок, јули 25, 2025
ПочетнаМакедонијаДвајца браќа од Битола се задушија од јаглерод моноксид покрај извор на...

Двајца браќа од Битола се задушија од јаглерод моноксид покрај извор на минерална вода..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Чешмата кај некогашното познато излетничко место Кисела Вода во близина на Битола попладнево однесе уште два човечки животи.

<

При полнење на минерална вода од јаглеродниот моноксид што повремено излегува кај јамскиот извор се задушија двајца битолчани на возраст од 63 и 68 години.

Неофицијално станува збор за двајца браќа кои полнеа вода, за што сведочат и торбите со шишиња покрај опасниот извор.

При извлекувањето на нивните тела учествуваше и Територијалната противпожарна единица, а тројца пожарникари со специјална опрема ги извлекоа телата на починатите, кои се предадени на обдукција

„Во 16.24ч. од Итна медицинска помош во СВР Битола било пријавено дека кај изворите на кисела вода на место викано.„Сребрена вода“ во близина на битолската село Крстоар, имало две починати машки лица. За настанот е известен јавен обвинител. Од страна на екипа од Итната помош била констатирана смрт. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се предадени за обдукција, соопштија од СВР Битола.

Голем број битолчани полнат вода од овој извор кој се наоѓа во јама длабока околу 2 метри, и покрај тоа што е означен како опасен.

Во последните децнии од отровниот гас кој повремено излегува, се задушиле повеќе лица, поради што е позната како чешмата убиец.

Последен пат овде загина 77 годишен битолчаненц во 2008 година, а 4 години претходно, две лица на истото место се задушија од јаглеродниот моноксид.

Но, за да се спречат вакви трагедии, чешмата никогаш не е извлечена над јамата.

Емилија Мисирлиевска

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ЦУК: Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар

Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици била примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од 16 и 26 години,...

Потрагата по 34-годишната Биљана од Прилеп заврши со среќен крај.

Андоноска заврши среќно – таа е пронајдена жива. “Ви благодарам на секоја помош, Биљана е пронајдена, жива е”, напиша пред малку нејзината сестра на социјалните...

Селото Куратица по 21-ви пат подготвено за дружење со своите блиски роднини и пријатели …

Голем број на иселеници жителите и голем број на пријатели на Куратица повторно ќе имаат можност на блиска средба со своите, во родното огниште....

На 71-годишна возраст почина легендарниот борач Халк Хоган

Халк Хоган, една од најголемите ѕвезди во историјата на професионалниот кеч и човекот кој ја претвори Светската федерација за кеч (World Wrestling Entertainment) во...