4.5 C
Ohrid
недела, февруари 23, 2025
ПочетнаМакедонијаКовачевски: Ја зголемуваме цената на тутунот, 300 денари за килограм од прва...

Ковачевски: Ја зголемуваме цената на тутунот, 300 денари за килограм од прва класа

spot_img

Со тутунските комбинати и со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска постигнавме договор за повисоки, рекордни цени на тутунот, за 20 отсто повеќе од минатата година, порача на вчерашната трибина во Прилеп претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски.

<

Заедно заклучивме годинашните цени на тутунот да бидат: прва класа 300 денари, втора 240 денари, трета класа 180 денари и четврта класа 100 денари. Сето ова е за 20 отсто повеќе отколку минатата година. Исто, како што ветив и остварив дека за 30 отсто ќе ги зголемиме цените на грозјето, исто ќе направиме и со тутунот и тоа во најкризната година во Европа по Втората светска војна, порача Ковачевски-пишува Инфомакс

Ковачевски истакна дека оваа година Владата ги исплати сите заостанати субвенции кон земјоделците, од кои дел не биле исплатени уште од 2015 година, потенцирајќи дека е време за враќање кон стратешките култури.

Две и пол милијади денари останаа неисплатени субвенции кон земјоделците уште од 2015 година, а 2,5 милијарди чинат 36 споменици во Скопје. Ние, за оваа година издвоивме дополнителни 52 милиони евра за земјоделците, затоа што сега е времето кога треба да се вратиме кон стратешките земјоделски култури. Над 13.000 хектари државно земјиште ставивме на располагање на земјоделците за да одгледуваат првенствено житни култури, рече Ковачевски на трибината во Прилеп.

Ковачевски нагласи дека се трансформира системот на субвенционирање и од следната година сите земјоделци авансно ќе добиваат дел од субвенциите за да имаат доволно пари во период кога се сее и се подготвуваат почвата и насадите.

Ова е одговорен, државнички пристап во време на светска економска и енергетска криза, рече Ковачевски.

Ковачевски се осврна и на различниот пристап на ВМРО-ДПМНЕ и на Христијан Мицкоски кој, според него значи кочење, блокади и фабрикување лаги и невистини.

Самите гледате дека во Прилеп нема ниту еден нов проект, можеби нешто се довршило од претходниот градоначалник од СДСМ ама нов проект нема. Нула! Ама затоа имате поскап јавен превоз, поскап паркинг, им рече на прилепчани Ковачевски.

На трибината говореше и претседателот на Општинската организација на СДСМ. Зоран Пашчекоски кој посочи дека по една година на новиот градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ нема ништо направено од ветеното во изборната програма.

Ни актуелниот градоначалник Борче Јовчески, ниту партијата која го кандидираше, немаат капацитет да се справат со предизвиците кои ги носи градоначалничката функција, ниту пак знаат да ги искористат средствата кои Владата на СДСМ ги обезбеди за реконструкција на „Крушевско џаде“ и за изградба на водоводот во манастирот Трескавец. Наместо проекти за подобрување на животот на граѓаните, прилепчани добија повисоки сметки за вода и комунални услуги, поскап паркинг и повисоки цени за јавниот градски превоз, нема бесплатен оброк за учениците до петто одделение, ниту бесплатни униформи за учениците од социјално загрозените семејства, „Победа“, е целосно заборавена и оставена на маргините, рече Пашчекоски, додавајќи дека локалната власт спровела масовна партизација и приватизација на општината и на јавните претпријатија.

Инфомакс

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Семејно насилство во Штип – Свекор ја натепал снаата

62-годишен жител на Штип вчеравечер е уапсен откако бил пријавен од неговата снаа, која вели дека физички ја нападнал, соопшти полицијата.

Од Дебар до Тирана ќе се стигнува за еден час

На 14 март ќе се отвори тунелот Муриз, дел од автопатот „Патот на Арбр“, со што патувањето од Дебар до Тирана ќе се скрати...

Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања како што обвинува опозицијата, ниту на министерот за животна средина Изет Меџити му...

Почина 21-годишен осуденик од Штип откако бил донесен во болница со знаци на предозираност?!?

На 22.02.2025 во 11.31 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено – поправната установа Затвор Штип...