33.9 C
Ohrid
сабота, август 9, 2025
ПочетнаМакедонијаКако директорот Османи, во истото службено возило, во исто време полнел и...

Како директорот Османи, во истото службено возило, во исто време полнел и дизел и бензин?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Директорот за економски и финансиски работи во Македонски железници, Шенур Османи, во истото службено возило, во исто време полнел и дизел и бензин.

<

Според испратниците до кои дојде Алфа ТВ, директорот на 28.09.2020та година во 14 часот и 4 минути наполнил 42 литри дизел, за една минута подоцна, во 14 часот и 5 минути, во истото службено возило да наполни 55 литри бензин. За јавноста е непознато како наполнил два резервоара различно моторно гориво во истото возило во рок од една минута разлика, што ги подгрева сомнежите дека Шенур полнел гориво платено со народни пари, во приватно возило, за лични потреби.

Алфа се обиде да добие одговори од директорот телефонски и по електронски пат, но неуспешно. Воедно, телефонската слушалка немаше кој да ја крене ни на телефонскиот број за пристап до информации од јавен карактер во македонски железници.
Ова не е единствениот пример каде функцинери во државните претпријатија и институции биле под сомнеж дека со народни пари си точеле гориво во приватни автомобили за лични потреби.

Алфа ТВ пред три месеци го објави скандалот на поранешната директорка на државниот здравствен и санитарен инспекторат, Иринка Сотирво Бухова, дека во своето службено возило успевала да наполни и бензин и дизел. Дека со ваквата пракса се служела подолг временски период, како и дека со службената картичка точела повеќе гориво отколку што собира резервоарот на нејзината службена кола.<iframe width=”640″ height=”360″ src=”https://www.youtube.com/embed/AeNKsVCNvr4″ title=”Еден автомобил, два резервоара?! Како точи директор во железница?” frameborder=”0″ allow=”accelerometer; autoplay; clipboard-write; encrypted-media; gyroscope; picture-in-picture” allowfullscreen></iframe>

Тв Алфа

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...

Скопјанец „награден“ за „одличното пракирање“ во Будва

Културата си ја покажуваме и надвор од земјава, но не подобро. Скопјанец, мислејќи дека е во Скопје, го паркирал автомобилот до контејнер во црнгорскиот летен...

Жител на Чаир крадел струја од бандера, при што предизвикал пожар.

Пожар зафати бандера на ЕВН и куќа на 63-годишен скопјанец во населбата Чаир. Пожарот бил предизвикан, но било утврдено дека избувнал преку кабел кој...

Претрес кај директорка на училиште во Демир Хисар, полицијата бара на носилки да ја однесат во станица иако е на боледување

Вечерва во Демир Хисар се одвива драматична акција на полицијата по наредба на јавен обвинител, со цел претрес на автомобилот и семејниот дом на...