14.9 C
Ohrid
петок, јули 25, 2025
ПочетнаМакедонијаНикола Николовски, администратор на познатиот инстаграм профил “Боемот” приведен од МВР под...

Никола Николовски, администратор на познатиот инстаграм профил “Боемот” приведен од МВР под сомнение дека тој е ”БОМБАШОТ”

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

МВР денеска објави дека едно лице е приведено поради сомнение дека учествувало во испраќањето на лажните дојави за бомби во неколку скопски средни училишта.

<

Станува збор за Никола Николовски, администратор на познатиот инстаграм профил “Боемот”-Јавува Инфомакс

Конзерватив.мк предмалку објави дека нивниот член е уапсен и дека даваат целосна подршка за него.

Во продолжение Фејсбук статусот на Конзерватив.мк:

 

 

Неспособноста на МВР и властите резултираше кон приведување на невини лица!

Во моментов нашиот член Никола Николовски, како во најцрните денови од комунизмот со над 10 службеници е приведен повеќе од 4 часа, поради сомнение за поврзаност со заканите за поставени бомби во училиштата во Скопје.

ОДГОВОРНО ТВРДИМЕ И ДЕМАНТИРАМЕ ДЕКА НАШИОТ ЧЛЕН НИКОЛА ИМА БИЛО КАКВА ПОВРЗАНОСТ СО ОВИЕ НАСТАНИ.

Никола е пред се’ општествено одговорен граѓанин, активист на Conservative.mk кој е активно вклучен во борбата против дезинформациите и fake news, кој со гордост ја претставувал Македонија на многу настани, натпревари и конференции, вклучително и во Европскиот Парламент.

Ова е класичен напад врз слободата на говор, демократијата и начин како да се притиснат неистомислениците. Но, слободната мисла секогаш на крајот победува, па затоа ќе се погрижиме овој настан да биде целосно расветлен пред органите. Вистинските лица кои стојат позади овој нарачан напад мора да понесат целосна одговорност, како и да се осигураме дека во иднина нема да постои можност од повторување на слични настани.

СТОП ЗА РЕПРЕСИЈАТА И ГУШЕЊЕТО НА СЛОБОДНАТА МИСЛА!

ПОДДРШКА ЗА НИКОЛА!, напишаа тие.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ЦУК: Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар

Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици била примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од 16 и 26 години,...

Потрагата по 34-годишната Биљана од Прилеп заврши со среќен крај.

Андоноска заврши среќно – таа е пронајдена жива. “Ви благодарам на секоја помош, Биљана е пронајдена, жива е”, напиша пред малку нејзината сестра на социјалните...

Селото Куратица по 21-ви пат подготвено за дружење со своите блиски роднини и пријатели …

Голем број на иселеници жителите и голем број на пријатели на Куратица повторно ќе имаат можност на блиска средба со своите, во родното огниште....

На 71-годишна возраст почина легендарниот борач Халк Хоган

Халк Хоган, една од најголемите ѕвезди во историјата на професионалниот кеч и човекот кој ја претвори Светската федерација за кеч (World Wrestling Entertainment) во...