20.5 C
Ohrid
среда, јули 2, 2025
ПочетнаМакедонијаПланинарската кула на Титов Врв е дивоградба !!!

Планинарската кула на Титов Врв е дивоградба !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Кулата на највисокиот врв на Шар Планина, Титов Врв (2747 метри), која служи за одмор и заштита на планинарите при неповолно време, е дивоградба.

<

Оваа информација за „Фокус“ ја потврдија општинските власти на градот под Шара, Тетово. Кулата е градена во 1956 година од членови на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.

„Во тоа време биле градени повеќе вакви прифатни наменски објекти низ државата, кои всушност се водат како дивоградби, а треба да се легализираат на име на Федерацијата на планинарски спортови во РСМ. Општина Тетово го разгледува случајот“, ни соопштија од Општина Тетово.

Искусниот планинар и некогашен член на претседателството на ФПСМ, Живко Темелковски појасни дека за овој проблем барале решение пред неколку години.

„За оваа проблематика околу кулата на Титов Врв ние како Федерација баравме решение уште кога Теута Арифи беше градоначалник на Тетово. Тешко доаѓавме во комуникација со неа, а со Касами беше подруго. Верувам дека ќе се направат напори од надлежните институции за овој проблем да биде решен во најбрз рок“, ни истакна Темелковски.

Оваа кула години наназад се соочуваше со разни проблеми, од нејзино палење, до крадење на прозорците и вратите, но љубителите на планинарскиот спорт неколкупати ја обновуваа и ја подобруваа нејзината безбедност.

Македонија од памтивек има проблем со дивоградбите кои никнуваат како печурки во заштитени подрачја, но и во градските средини од нашата земја.

ФОКУС

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...