22 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаСветКинеска ракета тешка 23 тони викендов ќе падне на Земјата, не се...

Кинеска ракета тешка 23 тони викендов ќе падне на Земјата, не се знае каде

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Кина во понеделникот успешно го лансираше третиот и последен модул од својата нова вселенска станица Тијангонг, а остатоците од ракетата тешка 23 тони викендов ќе паднат некаде на Земјата. Проблемот е во тоа што никој не знае каде точно ќе падне.

<

Модулот Менгтијан, во кој ќе се вршат научни експерименти, е лансиран на кинеската ракета Лонг марч 5Б. откако модулот беше доставен во орбитата, се одвои од ракетата.

За разлика од повеќето модерни ракети кои се дизајнирани да паднат во зафрлен дел од Тихиот Океан, Лонг марч 5Б по отфрлањето на модулот почна да кружи околу Земјата и не е познато каде ќе падне при своето враќање во атмосферата, што би требало да се случи во петок вечер или во сабота наутро.

Иако никој не ја знае траекторијата на ракетата и не е познато каде ќе се урне, мала е веројатноста дека нејзините остатоци ќе погодат населено подрачје, пишува Бизнис инсајдер.

Експертите со оглед на ситуацијата можат само да проценат колкав дел од кинеската ракета, која е отприлика голема колку деветкатница, ќе удри во Земјата. Дел веројатно ќе согори при минувањето низ атмосферата, но самата ракета е преголема за целосно да „исчезне“.

„Проценката е дека влегувањето во атмосферата че го преживеат 20 до 40 отсто од масата на некој голем објект“, кажале за Бизнис инсајдер експерти од американската непрофитна организација Аероспејс корпорејшн.

Додаваат дека на подрачјето на кое можат да паднат остатоците живеат околу 88 отсто од жителите на Земјата, но само неколку отсто во густо населени подрачја. Поголемиот дел од тој простор отпаѓа на океани и ненаселени делови од континентите.

И покрај тоа, лидерите на вселенските агенции ја осудија кинеската пракса на неконтролирано враќање во атмосферата, кажувајќи дека тоа претставува ризик за животите и имотот.

Постојат ракети за повеќекратна употреба, како тие на компанијата Спејсекс, кои контролирано се спуштаат на површината и можат повторно да се користат. Ракетите на НАСА и Роскосмос обично паѓаат низ атмосферата со падобран во предвидливо подрачје.

Ова е четврти пат остатоците од кинеска ракета Лонг марч 5Б да загрозуваат човечки животи. По секое такво лансирање (2020, 2021 и јули 2022) нејзини делови паѓаа на Земјата.

Во мај 2020 остатоци од тие ракети беа откриени во близина на две села во Брегот на Слоновата коска, наводно предизвикувајќи материјална штета. Кина во 2021 кажа дека остатоците од ракетата паднале во Индискиот Океан во близина на Малдивите.

„Дали е тоа намерно непочитување на меѓународните правила: Или станува збор за лош дизајн? Што и да е причината, жално е што става многу луѓе во опасна ситуација“, вели Џон Логсдон, основачот на Институтот за вселенска политика на Универзитетот Џорџ Вашингтон во САД.

Научници во истражување кое во јули беше објавено во магазинот Нејчр проценија дека има околу 10 отсто шанси во следните 10 години остатоците да погодат едно или повеќе лица. Не станува збор само за заканата која ја претставуваат кинеските ракети, во атмосферата постојано паѓаат сателити и парчиња непознат вселенски отпад.

„Ако ја фрлите коцката премногу пати, некому ќе му се посреќи“, вели астрономот Џонатан Мекдауел од Харвард кој ги следи објектите во Земјината орбита.

Консултантот Тед Мјуелхаупт од организацијата Аероспејс корпорејшн кажа за Бизнис инсајдер дека предмети тешки најмалку еден тон секоја недела паѓаат на Земјата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од ДУИ велат дека за локалните избори имаат сигурна победа.

Денес, Претседателот на Демократската унија за интеграција, г‑дин Али Ахмети, свика редовна седница на Централното Претседателство, на која се разгледаа актуелните политички случувања во...

Бујар Османи е кандидат на ДУИ за градоначалник во Чаир

Поранешниот министер за надворешни работи и портпарол на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, ќе биде кандидат за градоначалник на скопската општина Чаир,...

Ресорт Бате Боле слави 1 година постоење со голема роденденска забава

Првиот роденден на Resort Bate Bole е повод за голема прослава — и вие сте поканети! На 26 јули, со почеток во 21:00 часот, ве...

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...