14.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаНие го описменавме светот, Кирилицата е создадена од Бугарите, изјави бугарската потпретседателка...

Ние го описменавме светот, Кирилицата е создадена од Бугарите, изјави бугарската потпретседателка Илијана Јотова.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ние му дадовме нешто на светот. Престанете да ја прикривате писменоста создадена од Бугарите, изјави бугарската потпретседателка Илијана Јотова.

<

Не треба да се прикрива фактот дека кирилицата е создадена од Бугарите, изјави потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, која на конференцијата Меѓународен кириличен форум истакна и дека е недозволиво да се менува историјата поради геополитички интереси.

– Ние му дадовме нешто на светот. Престанете да ја прикривате писменоста создадена од Бугарите – им се обрати Јотова на присутните на Форумот.

Јотова коментираше и за наставата на бугарскиот јазик во странство – на 39 катедри. За неа тоа е малку и побара од научниците на Форумот да ги анализираат причините и дополнително да ги развијат катедрите.

Таа ги нагласи и „перспективите за кирилицата во дигиталната ера и дали и се заканува изумирање“.

На форумот учествуваат познати бугарски научници од Австрија, Белгија, Германија, Грција, Италија, Литванија, Полска и Србија, како и бугарски средновековнисти.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...