33.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаКаевски: Апасиев е реална закана за европската иднина, а Мицкоски е негов...

Каевски: Апасиев е реална закана за европската иднина, а Мицкоски е негов заложник

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Левица и Димитар Апасиев имаат јасна агенда да го попречат патот кон ЕУ. Левица, не треба да се потценува, бидејќи како што поминува времето, таа и Апасиев ќе го земат Христијан Мицкоски како нивен заложник. Мицкоски е слаб, нема визија, нема став, тој е обичен послушник на Никола Груевски. Но затоа, како што заканата од Левица раста, Мицкоски станува се поекстремен. Тоа го покажа и пред некој ден кога самиотпотврди дека неговата ВМРО-ДПМНЕ е континуитет на делата на Ванчо Михајлов, вели Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

<

Каевски смета дека Апасиев и Левица се реалната закана за европската иднина на државата.

„Нивната политика нема да ја направи земјата посилна туку послаба ако запреме на патот кон ЕУ. Ќе запре помошта од ЕУ, ќе немаме пристап до европските фондови, ќе завладее неизвесност, младите ќе побегнат во други европски земји. Македонскиот идентитет повторно ќе го доведуваат под прашање. Се што досега постигнавме ќе го загубиме. Пироманите од Левица се посилни затоа што Мицковски станува се послаб. Оваа опасност од непромислен популизам СДСМ и демократските сили нема да дозволат да се случи. Европската унија е нашата најдобра опција за сигурна македонска иднина, не смееме да дозволиме и нема да дозволиме кој било да ја загрози“, кажа Каевски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...