6.9 C
Ohrid
недела, февруари 23, 2025
ПочетнаМакедонијаНе сум зборел со сопругата за тоа каде сака да се вработи,...

Не сум зборел со сопругата за тоа каде сака да се вработи, вели Абази за неговата жена која самиот ќе ја оценува во Академијата за судии и обвинители

spot_img

За само пет дена откако победи на изборите за шеф на Организиран криминал, Ислам Абази доби нова функција, пренесува „Алфа“. Сега стана член на управниот одбор на Академијата, а токму таму неговата сопруга треба да финишира со школувањето до крајот на годината. Обуката е составена од теоретски и практичен дел и најдоцна до Нова година заедно со колегите, сопругата на Абази треба да полага завршен испит пред да може да биде избрана за судија или обвинител.

<

И покрај гласните критики на стручната фела изминатата недела за изборот и новиот шеф на Обвинителството за Организиран, Советот на јавни обвинители глатко го изгласа и за член во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители заедно со Фиданка Рајевска, член на Советот, а нивни заменици да бидат обвинителите Бурим Ристеми и Ристе Бојаџиски. Ваквиот предлог бил на заминик-предсетелот на Советот, Арбер Исаку.

Претседателот на советот Антонио Јолевски тврди не знаеле дека сопругата на Абази е на обуката, и најави дека откако ќе проверат дали постои судир на интереси ќе предложи измена на одлуката на седницата закажана в понеделник.

Абази уште во првата изјава пред медиумите, кога беше прашан дали се кандидира за да остави простор неговата сопруга да се вработи бидејќи законот не дозволува двајца обвинители од исто семејство или во брак да работат во исто апелационо подрачје во случајот гостиварското.

Согласно законот, јавен обвинител и брачен другар, тоа не смее да бидат во исто јавно обвинителство. Вишото јавно обвинителство и основното не се исто. Јас немам разговарано со нејзе, каде сака она да се вработи, рече Абази.

Абази ја гради кариера на брза лента, а јавноста врие уште по неговиот избор од 66 обвинители за главен обвинител кој ќе гони криминал и корупција.

Како што објави Алфа, новиот избран раководите на Органзиран е зет на екс директорот на Инспекторатот за транспорт Руфат Хусеини, кој е вклучен во истрагата на ОЈОГОКК, за пропустите на надлежните институции во несреќата со автобусот на „Беса Транс“. Алфа објави и фотографија на Абази со братот на лидерот на ДУИ, Фикри Ахмети. Само два часа порано во првата изјава за медимите обвинителот тврдеше дека нема комуникација со никој од партијата на Интегративците а со нивниот лидер можеби некогаш се сретнале, но, не го познава.

Управниот одбор, каде сега Абази е член, е составен од двајца обвинители и заменици по предлог на Советот на јавни обвинители, со голем број надлежности меѓу кои и именување и разрешување на директорот на академијата, како и избор на Комисијата за приемен и завршен испит.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Семејно насилство во Штип – Свекор ја натепал снаата

62-годишен жител на Штип вчеравечер е уапсен откако бил пријавен од неговата снаа, која вели дека физички ја нападнал, соопшти полицијата.

Од Дебар до Тирана ќе се стигнува за еден час

На 14 март ќе се отвори тунелот Муриз, дел од автопатот „Патот на Арбр“, со што патувањето од Дебар до Тирана ќе се скрати...

Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања како што обвинува опозицијата, ниту на министерот за животна средина Изет Меџити му...

Почина 21-годишен осуденик од Штип откако бил донесен во болница со знаци на предозираност?!?

На 22.02.2025 во 11.31 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено – поправната установа Затвор Штип...