13.5 C
Ohrid
вторник, септември 16, 2025
HomeМакедонијаКовачевски: Главната опасност доаѓа од Левица и пироманот Апасиев

Ковачевски: Главната опасност доаѓа од Левица и пироманот Апасиев

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Најголемата опасност на нашиот пат кон Европската Унија лежи во една партија, тоа е Левица и нејзиниот лидер Димитар Апасиев, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски за време на заедничката прес-конференција со европратеничката Ираче Гарсија Перез. Според премиерот, Левица во заложништво го зеде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски зашто „е слаб, без став и без визија“.

<

На прашањето дали се интензивира процесот на уставните измени и дали има некакви преговори, Ковачевски рече дека се разговарало на одржаната лидерска средба, каде што, како што нагласи, не присуствуваа две политички партии (Беса и Левица).

„Јас веќе одржав средба со сите лидери на политички партии. Таму не дојдоа две политички партии и ќе повторам уште еднаш – најголемата опасност за нашиот пат кон ЕУ лежи во една политичка партија која што има антиевропска, анти-НАТО и анти-интеграциска политика со Западна Европа. Тоа е Левица и нивниот претседател Димитар Апасиев. И тие веќе го имаат во заложништво претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, како и самата ВМРО-ДПМНЕ, затоа зашто тој е слаб, без став и без визија. Ние како политичари коишто ја гледаат државата во ЕУ, како граѓани коишто ја гледаат државата во ЕУ заради себе, заради нашите деца, заради идните генерации, не смееме да дозволиме политиката да биде креирана од такви политички пиромани коишто немаат никаква визија за државата“, рече премиерот.

Ковачевски додаде дека ако некој решил да се изолира и ако притоа решил да ја изолира и својата политичка партија дека тој нема право да ја изолира цела држава.

„Она што ние го имаме пред нас се одлуки за продолжување на патот кон полноправно членство во ЕУ. И после таа одлука ќе има уште тешки одлуки затоа што тие реформи не се едноставни. Тоа се реформи кои сите држави членки на ЕУ ги поминале. Но низ тие реформи, низ такви одлуки изградиле подобро општество“, рече Ковачевски

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Влен”: Украдениот имот ќе им се врати на граѓаните

„Со одлуката на Владата, еден од лидерите на Вреди, вицепремиерот Арбен Фетаи, е назначен на чело на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација...

Во Албанија е регистрирано ново здружение „ВМРО-ДПМНЕ -Албанија“

ВМРО-ДПМНЕ- Албанија“ е ново здружение на Македонците, откако и официјално е регистрирано во судскиот регистар во Тирана. Ова не е само формалност – ова е...

Херојството на Стојанче Ангелов

Може да мислите што сакате за Стојанче Ангелов, но, ова се неколку факти кои никој не може да ги оспори, напиша Златев на неговиот...

Министерство за здравство: Ќе се поделат 2.000 заштитни маски на жителите во Трубарево

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското...