25.9 C
Ohrid
сабота, јуни 7, 2025
ПочетнаМакедонијаТунтев како да е директор во Германија, зема месечно плата по 3.300...

Тунтев како да е директор во Германија, зема месечно плата по 3.300 евра и за време на мандатот ќе здипли 160.000 евра-Велат од ВМРО-ДПМНЕ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Денес продолжуваме со нови детали од аферата Паразити, голем број владини функционери земаат месечни плати неколкукратно поголеми од минималната, додека народот тоне во сиромаштија, истакна Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

<

– А на индексот на мизерија сме втори во Европа. Дел од аферата Паразити е Томислав Тунтев, директор на Агенцијата за Цивилно воздухопловство, кој зема плата од 203.000 денари месечно. Односно 3.300 евра месечно. Тоа се 40.000 евра за една година. Додека народот има просечна плата од 470 евра, за Тунтев од СДС тоа се 3300 евра, рече Томовски.

Јавноста, додаде тој, ниту го видела Тунтев по заминувањето од функцијата пратеник, ниту слушнала за неговата работа.

Тунтев не е директор во Германија или некоја друга развиена земја, тој е именуван функционер од владата во Македонија. Во Македонија во која што народот не може да се прехрани, а тој зема годишна плата од 40.000 евра. И за еден мандат ќе инкасира цели 160.000 евра.

Аферата Паразити покажува дека низ институциите лежат скриени поголем број именувани функционери кои во услови на криза додека најголемиот број од работниците работат за плата под просечната земаат плати кои на годишно ниво изнесуваат неколку десетици илјади евра, вели Томовски и додава:

„Дел од аферата Паразити е и директорот на ПУИК, Зоран Ѓорѓиев, со месечна плата од 105.000 денари. Истиот за една година наплаќа 1.260.000 денари, односно 21.000 евра.

Никола Љушев како дел од УО на Телеком зема месечна плата од 713.000 денари, односно 11.500 евра. За година дена тоа се 139.000 евра, а за еден мандат од 4 години 560.000 евра.

Љупчо Зиков, дежурен аналитичар на власта, а во принцип именуван функционер месечно од МЕПСО зема 80.000 денари, што за една година е 960.000 денари или 16.000 евра. Во текот на еден мандат тој од оваа енергетска компанија ќе инкасира 54.000 евра.

Ова се дел од функционерите од аферата Паразити, утре продолжуваме со нови детали, на нова прес конференција“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Се огласи мајката на Груби: Те гонат како во комунизмот, ама ќе пропаднат како што пропадна тој систем

Мајката на бегалецот Артан Груби се огласи на ФБ со честитка за роденденот на нејзиниот син. Денес кога твоето отсуство се забележува повеќе од присуството...

Здрав и жив е, да не го мислите: После 6 месеци бегство, Артан Груби се јави на Инстаграм.

Поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој веќе шест месеци е недостапен за македонските институции, денеска се огласи на својот профил на Фејсбук и Инстаграм по...

Ангела и Андреј, последните пациенти повредени во пожарот во Кочани ја напуштија болницата во Белград

По речиси три месеци од трагедијата во Кочани, последните пациенти кои се лекуваа во Универзитетскиот клинички центар во Белград од повредите во пожарот во...

Награда за животно дело: Гоце Тодоровски

60. Ручек, ТВ-филм; 2022 61. Бистра вода, ТВ-серија, 2022 НАГРАДИ 1980; МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп: награда за најдобро актерско остварување за улогата на Цанде во претставата „Солунски...