6.8 C
Ohrid
среда, декември 11, 2024
ПочетнаМакедонијаАтанасовски: ДУИ е ИСИС за Македонија

Атанасовски: ДУИ е ИСИС за Македонија

spot_img

Ха, таман човек ќе се реши да напише неколку редови во една колумна за да направи споредба помеѓу нас како држава со трите балтички земји, денес членки на НАТО и на ЕУ кои се слични по територија и население, но и историскиот развој, за да видиме каде сме ние (никаде), а каде се тие (речиси „на запад“), од нашиот југ – ништо ново. Целата јавност е фрапирана и вџасена од откриениот скандал во кој се виде дека шампионите од вечно владејачката Демократска унија за интеграција сакале да го наместат и конкурсот за прием на контролори за летање во Македонската навигација со нивни неписмени и неквалификувани кадри. Како иронија на судбината, да испаднат и целосно усовршени и стручни кадри, етнички Албанци што „не припаѓале никаде“, пишива Благојче Атанасовски во колумна за Слободен печат.

Значи, партијата, која повеќе од две децении се фали дека направила такво унапредување на правата на Албанците, толку многу придонела за албанството во Македонија, на крајот е таа што директно спречува одлично квалификувани и полни со едукативна наобразба млади Албанци егзистенционално да се реализираат, бидејќи не се нивни партиски подобни послушници. Па, има ли поголема иронија, поголем срам, поголема бизарност. И утре, без грам срам, морал и без образ, ќе излезат пак тие „првенци“ од оваа партија и на прес-конференции, митинзи, видеа ќе се фалат колку тие придонеле за Албанците во Македонија. Несреќници! Ништожници!

Кога ќе му дојде крајот на ДУИ?

Подеднакво ја гледам вината и во СДСМ и во ВМРО-ДПМНЕ, како двете мејнстрим партии во овие дваесет години, кои направија сѐ за ДУИ да биде денес најмоќен политички фактор во земјава. Наместо да направат сѐ, здружено да ја уништат политички оваа најкорумпирана и најкриминализирана организација кај нас, која ги запоседна сите институционални пори и сфери на општественото живеење, „нашите“ партии, поради нивната жед и глад за гола власт, коалицираа постојано со поранешните амнестирани терористи, модерно нарекувани борци за човекови права. Од правата, две децении подоцна се изборија да дегенерираат во партиско-политички монструм што инсталирајќи се во институционалниот систем и апарат во Македонија, создаде една своевидна „држава во држава“ во Македонија во целиот нејзин дел каде што живее етничко албанско население. Нешто слично на нашето славно ВМРО од дваесеттите години на 20 век во Пиринска Македонија. Но, тоа не е за фалење. Напротив, за жалење е.
Кога една организација ќе стане посилна од државата, таа потоа ја вшмукува државата, односно станува посилна и над државата. Такво нешто видовме со бруталната и бестијалната исламистичко-терористичка ИСИС/ИСИЛ во Сирија и во Ирак, такво нешто формално-правно, легално/легитимно или што би рекла поранешната министерка „според Уставот и законите“, ДУИ создаде во Македонија. Тоа им го дозволија и СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ. Од веќе политичкиот ветеран и пензионер Бранко Црвенковски преку Владо Бучковски, Никола Груевски и Зоран Заев, итрецот лисец од Мала Речица политички ги истроши сите свои коалициски партнери и ги испрати во заборавот на политичката пензија. Ќе видиме уште колку македонски премиери ќе испрати на буништето на историјата.

Како не се најде еден маж, нека се и двајца заедно, што ќе му ја скроеја капата или да му го наместеа свилениот гајтан околу политичкиот врат на Али Баба и политички да го задават. Тие приказни дека Американците ја држат ДУИ не вредат пет пари. Да, така беше многу години, но веќе сме членка на НАТО и на траекториран пат кон ЕУ, така што тие закани дека ако ДУИ не е во власта, онаа екстерористичка џукела ќе ги вадела од таваните чизмите и пак ќе одела во шума, се само Баба Рога за мали деца. Многу лесно, фино и елегантно би рекол, ДУИ може да се реши политички. Сите етничко албански политички партии на куп може да направат коалициска власт со која било етничко македонска партија, секако доколку бројките го калкулираат тоа, односно соберат 61 пратеник.

Тој наметнат принцип од ДУИ за коалиција „победник со победник“ во двата етнички политички блока, пак вештачки создадени и искреирани од нив, умре на 29 јануари, 2017 година, кога самите тие го прекршија и го погазија по парламентарните избори од декември 2016 година. Затоа сега немаат право да зинат, ако во иднина бидат исфрлени од Владата.

За наша голема жал, а уште поголема на чесните, учените и образованите Албанци сограѓани, тоа нема да се случи. Бидејќи државата нема институционален капацитет, ниту македонските политички елити имаат волја да расчистат со оваа крими-партија како што грчката држава расчисти со Златна зора. Зашто, ДУИ е токмју тоа во Македонија, златна зора или во превод црна чума!

Европската интеграција е единствениот спас од ДУИ!

Сега сфаќате зошто толку упорно верглам колку ѝ е насушно потребна европската интеграција на Македонија? Свесни сте дека и во наредните 100 години нема ништо да се промени и да мрдне од мртва точка, напротив, може само да оди во полошо, ако ние останеме заглавени во криминалново беспаќе и понатаму амнестираните кримоси и терористи бидат главни политички фактори во оваа институционално распадната и разорена земја? Кој идентитет ние го браниме, кога политиките на ДУИ ни го уништуваат денешниот, актуелниот и институционален идентитет? Идентитетот е наратив што се гради постојано низ времето. Тој, што сме го имале во рамките на Отоманската Империја, па дури и тој што сме го изградиле во рамките на СФР Југославија, кога бевме државно-правна конституенца, како рамноправна меѓу шесте републики, се идентитети на минатото. Односно, припаѓаат таму и се потрошени како материјал од историјата. Тоа што загрижува и треба да нѐ загрижува е актуелниот идентитет што го негуваме, ползуваме и го градиме. А тој се вика ДУИ, во сите негови форми и варијации. И Ислам Абази. Чукнете си ги главите и замислете се.

Хистеризацијата околу Европската Унија им одговара на сите политички криминални касти, вклучувајќи ја и ДУИ, за ние и понатаму да бидеме криминално Елдорадо и во наредните децении. Зашто, ако се уредиме како институционална, пристојна европска земја, онаа ТВ-хостеса презентерка не ќе може да биде „девојка“ за сѐ и да „лапа“ од кај ќе стигне од државните институции, односно од нивните финансии. Не ќе може неписмени будали да бидат контролори на македонското небо и не ќе може вашиот соселанец од Зајас да биде шеф на обвинителството за гонење на криминалот и корупцијата, како најголема гротеска, на сѐ ова што ни се случува, бидејќи тој што треба да го гони криминалот и корупцијата е поставен на таа функција од тие што се единица мерка за криминал и корупција!

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кирил Пецаков : Со чесна и транспарентна работа, промените во Охрид се гледаат

Кирил Пецаков - Градоначалник на Општина Охрид: Со чесна и транспарентна работа, промените во Охрид се гледаат Охрид, со својата историја, култура, природни убавини и...

Васко Ковачевски сепак не е уапсен, заминал од државата уште во септември

Иако првичните информации во јавноста и медумите беа дека е уапсен поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски во големата полициска акција што почна утрово...

Ковачевски е во бегство, но ќе го најдеме !!!

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција во Владата потврди дека екс директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски е надвор од државата. Тој додаде дека единствено...

Во голема акција на МВР уапсен Васко Ковачевски и уште 28 лица

Васко Ковачевски поранешениот директор на ЕСМ е еден од 29 физички лица кои се уапсени во денешната акција на МВР, поврзана со работењето на...