26.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаМакедонијаБектеши: Лебот падна на 36 денари, а млекото на 76, очекувам пониски...

Бектеши: Лебот падна на 36 денари, а млекото на 76, очекувам пониски цени од 5 до 12 отсто во првата недела од декември.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерот за економија, Крешник Бектеши, најави дополнително намалување од 5 до 12 отсто на цените на основните прехранбени производи по средбата со компаниите за производство на храна, кои ги информира за новиот Закон за потрошувачите.

<

„Се разговараше за најактуелната тема за цените на основните производи. Дојдовме до констатација дека почнал трендот на намалување на цените на млекото и лебот. Лебот сега падна 36 до 38 денари, а млекото на 76 денари и уште ќе паѓа цената. Во согласност со сите калкулации, во делот на суровините ќе има дополнително намалување во следните денови имајќи предвид дека ‘ЕСМ продажба’ ги заклучува договорите со овие потрошувачи. Како министерство ги информиравме производителите дека правиме анализи за дополнителни мерки, кои треба да се донесат за следната година. Јас бев многу транспарентен пред нив. Им реков дека целиот товар го пренесовме врз маркетите и потрошувачите за да ги заштитиме производителите и да ги сочуваме работните места“, рече Бектеши.

Тој смета дека по склучувањето на договорите со ЕСМ за поевтина струја, компаниите дополнително ќе ги намалат цените за крајните потрошувачи, а голема промена се очекува во првата недела од декември.

Затоа што се повикуваа на цената на струјата, очекувам од 1 декември да има дополнително намалување на цените од 5 до 12 % во првата недела на декември, а ако нема намалување тогаш, ќе ги донесеме новите мерки, кои произлегуваат од Законот за трговија за ограничување на маржите“, додаде тој.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Битолчанец во казино претепал доктор, па потоа ја нападнал и полицијата !!!

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека...

Пожар ноќеска во Кочани-Сопственикот е родител на починат во Пулс.

Ноќеска во пожар изгореа автобуси на плац на излезот на Кочани веднаш до бензинската пумпа “Авто Петрол” кај Оризари, објави Гласно.мк. Засега не се познати...

Лишен од слобода мотоциклистот кој удри пешак во Скопје

Лишен од слобода мотоциклистот кој удри пешак во Скопје На 30.06.2025 околу 13.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Шар планина“ во Скопје...

Армиските „Хермелини“ и „БТР“ оклопните возила стануваат противпожарни

Во фабрика во близина на Кавадарци, се одвива интензивна пренамена на воени оклопни возила во противпожарни машини, во пресрет на сезоната на шумски пожари....