16.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаВо струмичката болница за првпат е направена лапароскопска ресекција на дебело црево

Во струмичката болница за првпат е направена лапароскопска ресекција на дебело црево

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во струмичката болница за првпат е направена лапароскопска ресекција на дебело црево

<

Денеска во ЈЗУ „Општа болница“ Струмица за првпат беше направена лапароскопска ресекција на дебело црево од страна на д-р Тони Балџиев, абдоминален хирург. Станува збор за лапароскопска десна хемиколектомија, отстранета десната половина на дебело црево кај пациентка на 48-годишна возраст, информираат од струмичката болница.
Лапароскопијата е современ метод за дијагностика и лекување, миниинвазивна хирушка интервенција преку која се визуелизираат органите во абдоминалната празнина. Предностите во однос на отворената (класична) абдоминална операција се: помала хирушка траума и крвозагуба, помал цикатрикс (белег), помала болка кај пациентите, побрзо постоперативно закрепнување и помала стапка на инфекција на раната.
Од ЈЗУ „Општа болница“ Струмица велат дека тимот на абдоминални и општи хирурзи работи лапароскопски хирушки интервенции – лапароскопска холецистектомија и апендектомија. Последните две години тимот на абдоминални хирурзи од струмичката болница работи хирушки третмани – операции на пациенти со малигни заболувања (карциноми) на дигестивниот тракт, кои претходно беа препраќани на Клиника во Скопје.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...