27.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонијаЖител на Слатино дома имал кокаин и муниција

Жител на Слатино дома имал кокаин и муниција

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 47-годишен жител на тетовско Слатино кој е осомничен за кривичните дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, како и Недозволено изработување, држење, посредување или тргување со оружје или распрскувачки материи.

<

При претрес во домот на осомничениот на 18 ноември, полициските службеници пронашле околу 30 грама кокаин, три дигитални ваги и други предмети со остатоци од наркотична дрога и рамка за пиштол со 8 куршуми со калибар 7,62 милиметри, информираат од Обвинителството.

Според Јавното обвинителство, бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство, да влијае врз сведоци или вештаци и да го повтори делото, надлежниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.​

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

МВР одобри 24-часовна полициска заштита за Данела Арсовска

МВР ѝ одреди 24-часовна заштита на Данела Арсовска по серија закани и инциденти. Министерството објави детали за сите случаи и апелира за институционална соработка. Одлука...

Градоначалникот Пецаков: „Заливот на коските” – пример како се гради туристичка приказна

Денеска во употреба се пушти целосно санираниот Музеј на вода - "Заливот на коските". Овој музеј е значајна алка во туристичката понуда на градот и...

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС и бугарските политичари се во одбрана на Данела

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека некогаш големата СДСМ се сведела заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Данела Арсовска. „И СДС во...

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите- Треба да се грижат за хигиената и зеленилото во општината.

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите. Планира да ги ангажира да ги одржуваат зеленилото и хигиената во Општината. Оние пензионери што седат дома и...