14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаАдвокатот на Анџело: Нема убиство на Денис Тот, предлагаме ослободителна пресуда

Адвокатот на Анџело: Нема убиство на Денис Тот, предлагаме ослободителна пресуда

Доказите на Обвинителството се во прилог на одбраната, а произлегува друга фактичка состојба, која не дава можност да судот, обвинетиот Анџело Ѓоргиевски го осуди за делото убиство кое му се става на товар. Ова е ставот на адвокатот Иле Танев кој во завршните зборови побара неговиот клиент, обвинетиот Ѓоргиевски да биде ослободен од за убиството на Денис Тот. Според него, начинот на извршување на кривичното дело е најспорниот елемент, па затоа бара ослободување од вина.
пишува А1он

Нема кривично дело убиство бидејќи Анџело Ѓоргиевски не презел дејствија кои би биле во целост исполнети законското битие кое му се става на товар со обвинителниот акт. Наспроти тезите на ЈО дадени во обвинителниот акт и анализата на доказите, како бранител, трудејќи се да го следам хронолошки и аналитички обвинителниот акт, следејќи ги сите дејствија на главата расправа, образложувајќи го предлогот за обвинителна пресуда, ќе настојувам да ве убедам во оправдувањето на предлогот за ослободителна пресуда и недокажаност на обвинителниот акт во поглед на кривичното дело кое му се става на обвинетиот“, кажа адвокатот Танев.

Тој смета дека двата удари на Анџело кон Денис Тот не довеле до негова смрт.

„Од сето ова ни се наметнуваат прашањата, дали овие евентуални два удари и падот на оштетениот, сега покојниот Денис Тот, до кои што дошло како резултат на тие удари, довеле до нанесување на повреди кои би довеле смрт на оштетениот? Одговорот од доказите е секако – не. Дали во умислата на обвинетиот е содржно делото кое му се става на товар? Одговорот е – не. И трето дали има соизвршителски дејствија на Анџело Ѓоргиевски со другите соодобвинети? Одговорот е – не. Дека ваквата теза на обвинителството е во најмала рака тенденциозна, изборот на правната квалификација – несоодветен, и истиот сметам дека е даден под притисок на јавноста и тезата на обвинителство е правно неиздржана. Обвинителството со никаков доказ во прилог на обвинителниот акт не ја докажа причинско-последичната врска со двата удари на обвинетиот со смртниот исход“, додаде Танев.

Адвокатот кој го брани првообвинетиот Анџело Ѓоргиевски посочи: „Ќе го убедам судот дека дејствијата преземени од него, не е таква да тој да биде огласен за виновен за кривичното дело за кое се товари“.

За Танев, умислата е најнедокажана, а мора да ја има, за да се докаже извршување на кривичното дело убиство.

„Тие се запознале дента во локалот ‘Две капки’. Немал мотив, а уште помалку умисла да го повреди Денис Тот. Според обвинителството настанала кратка расправија кога оштетениот влегол во возилото. Доколку оштетениот не влегол во такси возилото, каде не бил ни повикан, ниту требало со него да замине од дискотеката, немало да дојде до настанот. Непосрен е фактот дека оштетениот покажал агресивност и бил во видна алкохолизирана состојба и дека тој факт имал придонес во следат на немилиот настан“, додаде адвокатот на првообвинетиот Анџело Ѓоргиевски.

Тој ги анализираше сите докази во завршниот збор, како и исказите на сведоците.
Извор:А1он

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...