15.9 C
Ohrid
недела, мај 19, 2024
ПочетнаМакедонијаДимовски: Круната на Охридската Архиепископија е во Софија, украдена од Охрид

Димовски: Круната на Охридската Архиепископија е во Софија, украдена од Охрид

Круната на Охридската Архиепископија е во Софија, украдена од Охрид…

Пред две години пишав, денес да потсетам…

Во дух на пријателството и соработката, а како процес на градење пријателство, кое сега е длабоко нарушено, да ја замолиме Софија свечено да ја врати МИТРАТА (круната) на Охридската архиепископија во Охрид…

Митрата (капата, круната,…) на Охридскиот архиепископ се наоѓа во Софија, во Националниот историски музеј…

Земена (украдена) е од Охрид, од црквата Св. Богородица Перивлепта, од страна на бугарската војска во 1916 година, за време на ПСВ.

Оваа митра е подарок од Венеција за еден од охридските архиепископи. Тежи 1,5 кг чисто злато и на себе има 329 скапоцени камења. Ја носел и последниот (пред укинувањето) архиепископ Арсениј…

П.С. Во Софија има над 80 реликвии, сопственост на Охридската архиепископија…

П.С.С. Архиепископскиот жезол се наоѓа во Зографскиот манастир на Света Гора…

П.С.С.С. Во Белград има многу наши археолошки богатства, може и нив да ги замолиме да ни ги вратат…

(фејсбук статус на Илија Димовски)

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во завршна фаза градежните активности за партерно уредување на дворот во Охридската Гимназија

Градежните активности за партерно уредување на дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“ кои се одвиваат во овој момeнт се во завршна фаза. Треба да...

Сиљановска Давкова назначи нов генерален секретар, познатиот новинар ќе биде негов заменик

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги има првите кадровски решенија за во Вила Водно. Досегашниот генерален секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и...

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид.

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски вели дека случајот е пријавен во полиција вчера во 08:10 часот. -...

Незаконски се гради нов стадион во Тетово, имотот е на државата, а не на општината

Одлуката која што ја донел Советот на Општина Тетово во септември минатата година, со која тетовскиот градски стадион го доделил на трајно користење на...